еРајдери - Македонија

среда, август 30, 2006

еРајдери сликички бај Ана Трпеска



вторник, август 29, 2006

НВО „Доверба“ и НВО „Х.О.П.С“

Подoлу ќе најдете линкови до извештаите, стратегиите, технолошките планови... изработени за овие две граѓански организации од страна на Ана Трпеска.

Извештај за активностите за реализација на технoлошкиот план на НВО Доверба

Стратегија и технолошки план за НВО „Доверба“

Македонската мрежа за намалување на штети - Извештај [преземи]

Македонската мрежа за намалување на штети - ИКТ Стратегија + Технолошки план [преземи]

понеделник, август 28, 2006

ХО „МИР“, извадок од нивниот технолошки план

Во однос на стратегијата што беше направена за ХО “МИР” – Скопје, во следниот текст е објаснет планот за работа со членовите во организацијата. Дадени се плановите за реализација на краткорочните цели од стратегијата, односно членовите на организацијата ќе добијат обука за правилно користење и одржување на техничката опрема во организацијата, користење на канцелариски алатки за поуспешно извршување на потребите, изработка на веб страница и информатичка подршка за поуспешно започнување и изработка на проектите. Организацијата има потреба од изработка база на податоци и нивна обработка и за таа цел ќе се обрне внимание на Microsoft Excel. Постои потреба од обработка на брошури и рекламен материјал која ќе биде обработена и досредување на постоечка база на податоци.

Стратегијата и технолошкиот план се креирани според условите кои ги нуди организацијата, односно соодветни простории, предзнаења на членовите на организацијата, како и нивно присуство и активно учество во реализирање на проектот.

Проблем се јавува за обработка на податоци со табеларни пресметки и бази на податоци, односно ефективно користење на програмата Microsoft Excel.

Друга насока за развој на ИКТ стратегијата е активно и успешно користење на интернет, која засега е слаба страна поради скапата и бавна врска. Потребно е членовите да научат како правилно и најлесен начин да пребаруваат на интернет, а исто така како најлесно да комуницираат со други организации или лица.

Креирање на брошури, како и рекламен материјал на организацијата, така и презентации за претставување се дел од обуката.

Планирање, дизајнирање и доколку организацијата има финансиски средства поставување на веб страница на соодветна интернет локација.

Софтверот во организацијата не е лиценциран при што дел од него ќе биде заменет со слободен софтвер. Некои од програмите кои ги нема ќе бидат инсталирани и членовите ќе добијат обука за користење на истите.

Хуманитарна организација МИР

На Мирослав му беше доделена и хуманитарната организација „МИР“ со која што тој успешно го заврши циклусот на еРајдерство. Подолу ќе наведам дел од стратегијата што тој ја изработи за оваа организација.
Мисијата на „МИР“ претставува професионално и делотворно решавање на проблеми кои ја засегаат ромската популација и за подобрување на севкупните услови за живот, работење и творење. За исполнување на нивната мисија тие се осврнуваат кон следниве цели:
  • Хуманитарни прашања
  • Социјални прашањa
  • Човекови права
  • Проблеми на младите и децата
  • Жени
  • Стари и изнемоштени лица
Од прашалникот за анализа на потреби како и од самата апликација на организацијата и разговорот со членовите беа утврдени следните потреби кои ќе се реализираат во предвидениот период:
- Канцеларијата во која што дејствува организацијата технички е добро опремена, но сепак се јавува потреба од одржување на компјутерите, правење резервна копија (backup), корисници со различни привилегии. (краткорочна цел)
- Компјутерите не се поврзани во никаква мрежа иако членовите на организацијата имаат потреба од користење и обука за одржување на мрежи. Поради немање на финансиски средства овој проблем останува во долгорочна цел до 2 години
- Членовите на организацијата имаат основни компјутерски познавања. Со нив ќе се работи на стекнување знаење за поефикасна работа со програми кои најчесто ги користат при работењето. (краткорочна цел)
- Организацијата нема веб страница, што претставува недостаток. Таа има потреба од веб страница како и потреба од знаење за администрирање и ажурирање на истата. Изработка на веб страница ќе биде краткорочна цел, а поради немање на финансиски средства изработената веб страница нема да се хостира и останува како долгорочна цел до 6 месеци.
- Софтверот кој се користи во организацијата не е лиценциран, но сепак ги содржи потребните нелиценцирани програми за раководење на организацијата. За поуспешни цели ќе бидат инсталирани програми од слободен софтвер кои ќе помогнат за поуспешно раководење со организацијата и при тоа членовите на организацијата ќе добијат обука за користење на истите програми. (краткорочна цел)
- Префрлање на целиот софтвер од нелиценциран на слободен софтвер или на лиценциран софтвер (долгорочна цел до 2 години)
- Организацијата има приклучок на интернет преку DialUp врска, при што е потребно да се замени со некоја побрза и поефтина конекција за да организацијата има 24 часа интернет. (долгорочна цел до 1 година)
- Организацијата има потреба од смислување и правење брошури и рекламен материјал. (краткорочна цел)
- Членовите на организацијата имаат потреба за правење на презентации, бази на податоци и нивна обработка (краткорочна цел)
- Организацијата има потреба од фотокопир за вршење услуги на странките, како хумана страна. (долгорочна цел до 3 години)

петок, август 25, 2006

НВО „ЛИЛ“ - технолошки план

Технолошкиот план што го изготви еРајдерот Мирослав Коцевски го содржи редоследот за реализирање на целите кои се предвидени во стратегијата. Во зависност од потребите на организацијата така ќе бидат реализирани сите цели. Изучување на бази на податоци и нивна обработка, ефективно користење на интернет, изработка на веб страница и нејзино ажурирање, како и инсталација на софтвер кој недостига на организацијата.

Компјутерите во организацијата се поврзани во peer-to-peer мрежа и членовите знаат како правилно да ја користат.

Проблем се јавува за обработка на податоци со табеларни пресметки и бази на податоци, односно ефективно користење на програмата Microsoft Excel.

НВО ЛИЛ прави посредство за добивање на некакви документи и молби при што потребно е членовите да знаат да креираат циркуларни писма.

Друга насока за развој на ИКТ стратегијата е активно и успешно користење на интернет. Потребно е членовите да научат како правилно и најлесен начин да пребаруваат на интернет, а исто така како најлесно да комуницираат со други организации или лица.

Креирање на брошури, како и флаери за промовирање на организацијата, така и презентации за претставување се дел од обуката.

Планирање, дизајнирање и доколку организацијата има финансиски средства поставување на веб страница на соодветна интернет локација.

  • Создавање услови за самоодржување и исталација на некои програми кои недостигаат во организацијата
  • Обука за примена на табеларни пресметки и бази на податоци
  • Обуки за други програми
MS Word
MS PowerPoint
Користење на интернет за пребарување и комуникација
  • Изработка на веб страница
Изработката на веб страницата ќе ја изврши е-рајдерот, неколку членови од организацијата ќе бидат обучени како да ја администрираат истата. Доколку организацијата има финансиски средства ќе се изврши и хостирање на веб страницата.
  • Администрација на веб страната MS FrontPag

НВО „ЛИЛ“ - стратегија

Граѓанската организација „ЛИЛ“ е организација која низ проектите за здравство и едукација работи на подобрување на социјалниот и економскиот статус на жените и децата Роми. Организацијата работи на локално ниво (Општина Ѓорче Петров и Сарај), национално ниво (членка на Ромска лоби група 2005) како и интернационално ниво – НВО ЛИЛ е организација која е членка на Интернационалната женска мрежа при советот на Европа. Цели на организацијата се:
  • Вклучување на повеќе жени и деца во невладиниот сектор
  • Подобрување на социо-економскиот статус на жената и подигање на свеста на жената за нејзината улога во општеството и нејзиното семејство
  • Вклучување на жените и децата во сите нивоа на едукација
  • Регистрација на Ромите (за добивање на легални документи)
  • Посредување при административни потреби
  • Заштита на децата и жените Ромки
  • Човекови права и демократизација на здравствениот систем
  • Домување (реконструкција и градење на домови)
Со оваа организација работеше еРајдерот Мирослав Коцевски кој со помош на членовите на „ЛИЛ“ изготви стратегија за подобро користење на ИКТ во нивната работа.

Од прашалникот за анализа на потреби како и од самата апликација на организацијата и разговорот со членовите беа утврдени следните потреби кои ќе се реализираат во предвидениот период:

  • Канцеларијата во која што дејствува организацијата технички е добро опремена, но сепак се јавува потреба од одржување на компјутерите, правење резервна копија (backup), корисници со различни привилегии. (краткорочна цел)
  • Компјутерите се поврзани во peer-to-peer мрежа и членовите на организацијата знаат како да ја користат, но сепак постои потреба од одржување на мрежата (долгорочна цел)
  • Членовите на организацијата имаат основни компјутерски познавања. Со нив ќе се работи на стекнување знаење за поефикасна работа со програми кои најчесто ги користат при работењето. (краткорочна цел)
  • Организацијата нема веб страница, што претставува недостаток. Таа има потреба од веб страница како и потреба од знаење за администрирање и ажурирање на истата. (краткорочна цел)
  • Софтверот кој се користи во организацијата е лиценциран и ги содржи потребните програми за раководење на организацијата, но за поуспешни цели ќе бидат инсталирани програми од слободен софтвер кои ќе помогнат за поуспешно раководење со организацијата и при тоа членовите на организацијата ќе добијат обука за користење на истите програми. (краткорочна цел)
  • Организацијата има потреба од смислуавње и правење брошура. (краткорочна цел)
  • Членовите на организацијата имаат потреба за правење на презентации (краткорочна цел)

четврток, август 24, 2006

Одржан состанок со еРајдерите на ЦИРа

На 23.08.2006 г. се одржа неформален состанок со еРајдерите ангажирани од страна на Центарот за институционален развој (ЦИРа).
На состанокот излагање имаше Јорданка Петрушевска, еРајдер на фондацијата како и ментор на останатите еРајдери. На самиот состанок се разговараше за можноста за продолжување на проектот за потребите на граѓанските органзиации, како и за спроведување на еРајдерството како средство за имплементирање на ИКТ во локалната самоуправа.
Останатите еРајдери поднесоа кратки заклучоци околу досегашната соработка со десетте граѓанските организации со кои работат, дел од проектот „НВОи користат информатичка технологија во подобрување на влијанијата на нивните заедници“ кој ЦИРа го спроведува.
Од нивните извештаи беше заклучено дека кај повеќето организации ефективното користење на интернетот како средство за истражување, мобилизација и комуникација е на повисоко ниво отколку пред интервенцијата на еРајдерите. За поголемиот дел од организациите беше изработен веб сајт, а кај некои и интерактивен портал. Во дел од организациите беше извршено мигрирање на слободен софтвер (Linux оперативен систем), користење на The Gimp, Gaim, OpenOffice.org, Mozilla Thunderbird и познатиот пребарувач Mozilla Firefox.
Исто така се спроведоа обуки за канцелариско работење од пакетот на Microsoft Office, компјутерска обработка на промотивни материјали и билтени и др.

Детални информации за изработените стратегии и имплементираните активности можете да најдете на претходните постови.

среда, август 23, 2006

ИКТ стратегија за Националниот ромски центар, Куманово

Организацијата поседува 10 компјутери, 3 принтери, скенер, фотокопир и дигитален фотоапарат. Сите компјутери, како и целокупната опрема, се поврзани во мрежа базирана на сервер.
Сите активни членови на НРЦ имаат свој компјутер, додека младината на организацијата има на располагање 4 компјутери, и сите активно ги користат. Тие најчесто се користат за изработка на документи, извештаи, онлине комуникација, интернет пребарување, подготвување на брошури и сл.
Сите компјутери во организацијата се поврзани на интернет преку АДСЛ. Секој од членовите на организацијата има своја сопствема емаил адреса. Компјутерите се заштитени со антивирусни програми и корисници со различни привилегии. Од овде произлегоа и потребите за развој, а тие се:

Креирање на веб страна: Бидејки работата на ерјдерот е насочена повеќе кон младината на организацијата, утврдена беше потребата од креирање на веб страна на која ќе се публицираат проектите и кампањите токму на овој дел од НРЦ. Организацијата има своја веб страна, па затоа страната на младината ќе биде нејзин дел.

Креирање и вметнување на online радио на веб страна: Веб страната на младината ќе соджи радио кое ќе има програма привремено. Преку радиото организацијата ќе може да ги информира своите целни групи за секој проект и кампања кои тие ќе ги спроведуваат. Планирани се и емисии кои ќе имаат цел да ги забавуваат и информираат младите луѓе.

Модификација и редизајн на лого: Со младината на организацијата се договоривме да извршиме мала модификација на логото на НРЦ со цел да се приспособи за нивниот одел. Логото ке добие посовремен дизајн.

Обука за одржување на веб страна: Ќе се одржи обука за како членовите сами да можат да внесуваат нови содржини и истите да ги префрлат на сервер. Оваа обука ќе ја посетуваат и дел од активните членови.

Обуки за:
- Microsoft Word
- Microsoft Excel
- Microsoft PowerPoint
- Mozilla Thunderbird

Подготовка на прирачници: Членовите кои ќе бидат дел од обуките ќе добијат соодветен прирачник за курсот што го посетувале. Покрај прирачниците ќе им бидат поделени и видео материјали за целиот пакет на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint, Access, FrontPage, Publisher, Outlook).

вторник, август 22, 2006

еРајдерот фатен на дело во здружение на инвалиди „Шпреса“ :-)


еРајдерот Елена Игнатова им помога на членовите на Здружението на инвалиди „Шпреса“ во нивната работа

НРЦ - Куманово

Елена ни прати информации за НРЦ од Куманово. Таа ќе работи на изработка на ИКТ стратегија и технолошки план за оваа организација. Еве нешто накратко за НРЦ.

Националниот Ромски Центар е невладина организација која соработува со релевантни актери и работи за активна партиципација и интеграција на Ромите, засновувајќи ја својата работа на принципите на модерното мултиетничко европско општество. НРЦ работи како глас на Ромите ќе се залага за заштита на правата гарантирани за сите граѓани и развој на комуникациска мрежа. Целта на НРЦ е решавање на локални, национални и интернационални проблеми и бариери во ромската проблематика.

Елена вели: „Информациите потребни за подготвување на стратегијата беа добиени од средба со членови на НРЦ – Куманово, како и со пополнување на прашалник за анализа на потреби. Од средбата со членовите беа добиени сите информации за работата на организацијата, користењето на информатичките технологии, кој софтвер се употребува, техничката опременост. Oд прашалници за потреба од обуки добиено е нивото на знаење и користење на ИКТ на членовите на организацијата.
НРЦ - Куманово има голем број на членови, од кои активните имаат одлични познавања и секојдневно ги имплементираат информатичките технологии во својата работа и затоа беше одлучено ерајдерот да работи со младината на оваа организација. Стратегијата ја опфаќа целата организација, но поголемиот дел ќе биде насочен на младината на НРЦ.“

Технолошки план за Здружение на инвалиди „Шпреса“

Технолошкиот план содржи информациии за реализирање на утврдените цели во потребите за развој на Здружение на инвалиди „Шпреса“ – Скопје. Во него се дадени конкретните активности со кои би се унапредило работењето на организацијата.

Обука за одржување на веб страна
Обуката ќе се врши за програмот Microsoft FrontPage и ќе опфака целосна обука за изработка и ажурирање на веб страна. Членовите ќе бидат обучени како сами да додадат информација и истата да ја постават на сервер.

Изработка на брошури
Овој курс ќе опфати целосно изучување на програмот Microsoft Publisher. По завршувањето на курсот членовите ќе можат сами да изработуваат брошури во зависност од нивните потреби.

Обука за Microsoft Office
Овие обуки ќе ги следат 4 членови од младината на организацијата и тие ќе бидат за програмите Word, Excel, PowerPoint. Секој од учесниците ќе добие прирачник за посетуваниот курсот.

Обука за Mozilla Thunderbird
Целата организација ја користи оваа програма за преглед и праќање на емаил пораки, па затоа се јавува потреба од обука за овој софтвер. Поголемиот дел од членовите на организацијата ќе го посетуваат овој курс.

Изработка на база на податоци
Организацијата нема база на податоци со своите членови. Таа ќе биде изработена во рамките на овој проект.

еРајдерство во НВО „Шпреса“

Во овој прилог можете да прочитате дел од стратегијата за користење на ИКТ што еРајдерот Елена Игнатова ја изработи за здружението на инвалиди „Шпреса“.

Здружение на инвалиди „Шпреса“ е граѓанско, невладино и непрофитабилно здружение. Целта на ова здружение е подобрување на животните услови на лицата со посебни потреби и нивните семејства. Истотака се занимава со авансирање на правата помеѓу самоучеството и подигнувањето на јавната свест за правата на лицата со посебни потреби. Мисијата на здружението е да промовира една нова социјална политика поминувајќи од здравствените прашања во прашања на човековите права.

Цели на организацијата
  • Обука на лицата со посебни потреби за подигнување на капацитетите и подобрување на животните стандарди (информатички и јазични курсеви)
  • Застапување и лобирање за измени и спроверување на Легислативата за елеминирање на дескриминацијата
  • Физичката средина треба да биде пристапна за сите, како предмет на политика, вклучувајки ги и руралните средини
  • Подигнување на свеста на јавноста и интеграцијата на маргинализираните лица со посебни потреби во продуктивниот живот на заедницата
  • Итни услуги за лицата со посебни потреби кои немаат здравствено и социјално осигурување


Потреби за развој

Најголем проблем со оваа организација е тоа што сите работи за кои се употребува информатичката технологија досега ги извршувал волонтер кој набрго ќе ја напушти организацијата. Токму затоа најмногу ќе се обрне внимание на обука на членовите за програмите кои најчесто ги користат во своето работење, како и нивна примена. Ова беше и посочено како потреба од претседателот на организацијата. На првичниот разговор со членовите беше посочено дека од ерајдерот се очекува целосна обука за канцелариско работење и сите програми кои им се потребни во секојдневното работење. Со разговор и секако сугестии и од членовите и од ерајдерот беа утврдени следните потреби :

  • Обука за одржување на веб страна: Ќе се одржи обука за како членовите сами да можат да внесуваат нови содржини и истите да ги префрлат на сервер.
  • Изработка на брошури: Членовите на ова здружение имаат потреба од обука за изработка на брошури. Во оваа обука ќе се изучува програмата Microsoft Publisher.
  • Обуки за:
- Microsoft Word
- Microsoft Excel
- Microsoft PowerPoint
- Mozilla Thunderbird

  • Изработка на база на податоци: Организацијата нема листа со своите членови и затоа се јавува потреба од нејзино креирање.
  • Подготовка на прирачници: Членовите кои ќе бидат дел од обуките ќе добијат соодветен прирачник за курсот што го посетувале. Покрај прирачниците ќе им бидат поделени и видео материјали за целиот пакет на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint, Access, FrontPage, Publisher, Outlook).

понеделник, август 21, 2006

Стратегија за подобрување и усовршување на потребите од ИКТ во мисијата на МОФ

Стратегијата за ИКТ произлезе како пресек на моменталната состојба и потребите на МОФ за понатамошен ИТ развој. Стратегијата се содржи од краткорочни и долгорочни интервенции. Краткорочните интервенции би се реализирале за времетраењето на проектот а долгорочните интервенции ќе останат да се реализираат во блиска иднина. Самата стратегија содржи активности распределени во неколку категории.
Се предвидуваат следните активности:

www.mof.org.mk [официјална МОФ веб адреса]
- имплементирање на RSS feed како елемент во остварувањето на соработка со останатите организации (Краткорочна цел)
- имплементирање на Content Management System (CMS) со цел да се синхронизира работата и активностите во центрите како и меѓу членовите – task/time management. (Краткорочно-долгорочна цел)
- овозможување на веб дебати на тој начин што ќе се имплементира live chat на веб страната. (Краткорочно-долгорочна цел)

www.mof.org.mk/mofforum [официјално електронско средство за интерна комуникација и координација на членовите на МОФ]
- креирање електронска апликација за зачленување во е-форумот (електронската апликација би била и официјален формулар за членство во МОФ) (Долгорочна цел)
- форумот да поседува електронска база на членови, што воедно ќе биде и база на членството на МОФ (Долгорочна цел)
забелешка: оваа ставка бара ангажман на луѓе со посериозно програмерско искуство поради својата сложеност

www.studentitezasebe.org.mk [студентски ресурсен веб центар на МОФ]
- капацитет и провајдер (пожелно е хостирањето да биде на исто место како и главната страна на МОФ; капацитетот е поврзан во зависност од потребите односно количината на информации што ќе биде пласирана на тој сајт) (Краткорочна цел)
- сопствен дискусионен форум (ќе се реплицира новата верзија на форумот како на главната страна на МОФ – во основа тоа ќе бидат исти форуми во смисол на технологија) (Краткорочно-долгорочна цел)

www.studentitezasebe.org.mk ќе ги прими информациите на посебната веб страна www.studentskipravobranitel.org.mk, а самата страна www.studentskipravobranitel.org.mk ќе се укине (доколку хостирањето е на друго место, ќе треба само да се префрлат податоците, а потоа и официјално да се укине домејнот) (Краткорочна цел)

МОФ е-весник
- изработка на месечен e-newsletter за активностите на МОФ [проекти, програми, настани, конкурси, можности] (Краткорочна цел)
- е-весникот ќе се испраќа до сите членови, соработници, партнери, поддржувачи и донатори на МОФ (Краткорочна цел)

Lan @ МОФ
- воведување на сервер-компјутер (Краткорочна цел)
забелешка: ова беше предложено највеќе поради тоа што често се случува поради човечки фактор (некој од членовите кога работи на сегашниот сервер-компјутер) интернетот да „падне“ на другите компјутери, како директна последица на тоа што овој сервер-компјутер ги „снабдува“ останатите компјутери со интернет.

Разно
- изработка на е-бази на: членовите на МОФ и на контакти (ќе се реализира со база во Access и ќе биде поставена локално на хард диск) (Краткорочна цел)
- изработка на е-формулари/досиеја за евалуација на членовите на МОФ [според доставени критериуми и потребни податоци за членовите] (Краткорочно-долгорочна цел)
- изработка на архива на е-документи на МОФ (Долгорочна цел)
забелешка: тука се подразбира воведување електронска архива (паралелно на тековната). Ова може да се направи со изработка на Windows базирана апликација која ќе биде поврзана со база на податоци во која што ќе се архивираат документите.

Моменталната ситуација во МОФ

Сајтот на МОФ (www.mof.org.mk) е изработен во ASP технологија и хостиран е во СОНЕТ. Во голем дел, сајтот ги задоволува потребите на МОФ во нивната работа. На сајтот постои форум кој служи за дискусии на членството и обезбедува двонасочна комуникација. Сајтот ги поседува неопходните информации за работата и функционирањето на организацијата. Воедно претставува и средство за промоција на организацијата. Сајтот се update-ува редовно на секои 2 до 3 дена. Проблемите кои постоеле со СОНЕТ се сведени на минимум, како што рече координаторот на ИТ секторот.

  • Останатите две веб страни што ги има изработено МОФ за своите целни групи(www.studentskipravobranitel.org.mk и www.studentitezasebe.org.mk) не се одржуваат редовно. Потребно е информациите и содржините од сајтот www.studentskipravobranitel.org.mk да бидат „префрлени“ на сајтот www.studentitezasebe.org.mk , а www.studentskipravobranitel.org.mk да се укине како веб страна.
  • Постојната хардверска опрема функционира добро и ја одржува координаторот за ИТ, кој воедно обезбедува техничка и апликативна поддршка заедно со другите двајца членови на ИТ секторот.
  • 10 членови имаат вештини да користат софтверски алатки (SQL, HTML, Quark Express, Photoshop, е-Форуми, web дизајн и други) – податок од апликацијата.
  • Непостои база на контакти во стандарден вообичаен формат (на пример во MS Access)
  • Не се планира преминување на слободен софтвер поради компатибилност со останатите организации со кои што соработуваат, како и поради униформност. (Освен можеби Линукс базиран сервер кој би бил имплементиран на само еден компјутер).
  • Нема унифициран начин на правење back-up и одржување на компјутерите
  • Се јавува потреба од обука за графички програми.

Состанок со претставниците на МОФ

Во рамките на проектот „НВО-и користат информатичка технологија во подобрување на влијанијата на нивните заедници“, е-рајдерот одговорен за Младинскиот Образовен Форум (МОФ) имаше 2 средби со претставниците на организацијата. На првата средба се водеше информативен разговор чија цел беше е-рајдерот да се запознае со работата на организацијата, со начинот на нивното дејствување, како и начинот на кој се применуваат информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во контекст на остварување на мисијата на организацијата, што всушност беше главното тежиште на разговорот. На таа средба беше пополнет и „Прашалник за анализа на потреби“, а е-рајдерот од претставниците на МОФ доби листа на „ИТ потреби, прашања и активности“ која претставува План за развој на организацијата во ИКТ. Откако беше разгледан прашалникот заедно со планот за развој во ИКТ, поради потреба од додатни информации (од технички тип), е-рајдерот реализираше втора средба.
Втората средба беше реализирана во просториите на МОФ со тековниот координатор на ИТ секторот, Андреј Анчевски. Тука беа прибрани сите останати информации кои беа потребни за добивање појасна слика за моменталната ситуација во ИКТ, односно процена на постојното ниво на искористеност на информатичката технологија во работењето на МОФ како и на ИТ потребите.

понеделник, август 14, 2006

Стратегија за подобрување на ИКТ во Менса - Македонија

  • Тим за ИКТ
Создавањето на тим за ИКТ се наметнува поради создавање и само-одржливост на ИКТ
солуции за потребите на МЕНСА.
Пред се, потребно е од постоечките членови да се мобилизираат неколкумина членови
со понапредно познавање на ИК технологии, да фоормираат тим за ИКТ и да се назначи
едно лице кое ќе го води тимот.
Тимот ќе се грижи за: одржување на веб страната, форумот, за мејлинг листите
(евентуално), ќе изнајдува и предлага нови решенија за подобрување на состојбите во
ИКТ со цел остварување на целите на организацијата. (Краткорочна цел)

  • ВЕБ решенија
Имајќи ја во предвид моменталната состојба, главно средство за промоција на Менса
како и за лобирање останува веб страната. Затоа, потребно е да се извршат одредени
корекции (визуелни и технички) кои ќе придонесат посетителите на веб страната да
добијат појасна претстава за самата организација на релативно побрз начин. Исто така
целта е сите веб решенија да бидат имплементирани во рамките на домејнот
mensa.org.mk (пример: форумот би бил www.forum.mensa.org.mk).
Се предвидуваат следните активности:
  1. барање за добивање на поголем простор за хостирање и можност да сепостават динамички апликации на веб страната (со ова ќе се овозможи дизајн на веб страна со интерактивен начин на функционирање и со поголем капацитет). (Краткорочна цел) да се извршат одредени визуелни корекции во дизајнот во смисол на прегледност (да се изврши разграничување на линковите. Пример: сите линкови да бидат подредени во групи на линкови на левата страна од веб сајтот, при што да постои трага на линкот). (Краткорочна цел)
  2. да се постави веб форма за праќање на меил/порака (со помош на PHP скрипта). (Краткорочна цел)
  3. во секцијата членови – да се upload-ираат слики на членовите што го сочинуваат УО со соодветната функција (тоа се луѓе што ја водат организацијата, односно луѓе од секојдневието, не се затворена група луѓе). (Краткорочна цел)
  4. овозможување да се види пример за нултиот број на билтенот што го издава МЕНСА (без шифра, нема потреба од таинственост). (Краткорочна цел)
  5. поставување на пример тестови за тестирање интелигенција, „Кој може да стане член на Менса Македонија?“, „Што носи членството во Менса?“ (овие да бидат лесно видливи и ударни прашања). (Краткорочна цел)
  6. занимливости, новости за случувањата во Mensa International (во смисол: превземање на информации, тековни случувања на светско ниво, активности во светски рамки и друго). Цел: посетителите да приметат дека се случуваат некакви активности и на тој начин да го побуди нивниот интерес. (Краткорочна цел)
  7. во зависност од потребите, воведување на Content Management System (CMS) преку кого сите (или одредени) членови би можеле да делат заеднички податоци, да вршат task/time management и слично. (Ова може да биде корисно за координација со другите Менса центри во земјата). (Краткорочно-долгорочна цел)
  8. Размена на банери со други портали во Македонија заради промотивни цели. (Краткорочно-долгорочна цел)
  9. Имплементирање на “RSS feed” [повеќе инфо на: http://en.wikipedia.org/wiki/RSS_(file_format) ] (Краткорочно-долгорочна цел)
  10. Олеснето ажурирање на веб страната: одредено лице со привилегирано корисничко име Administrator при логирањето ќе може од самата страна на едноставен начин да врши додавање, уредување и бришење на содржини на страната (текст, слики).
  11. Софтверски да се имплементира и постави база на членството на веб страната на Менса. Пристап кон базата би имале само привилегирани членови, односно нема да биде јавно достапна. Ќе постојат филтри за селекција на членовите според одредени критериуми (занимање, квалификации и други). Ова би користело како почетна фаза во намерите на Менса да реализира интерна берза на трудот за своите членови. (Долгорочна цел)
  12. Имплементирање на live chat на веб страната (евентуално како замена за ИРЦ каналот). Корисниците ќе се најавуваат со шифра и ќе постои можност да се вклучат во различни chat rooms. (Краткорочно- долгорочна цел)
  13. Периодично поставување на јавни електронски анкети за испитување на информираноста на јавноста за постоењето и работата на МЕНСА (опционално) (Краткорочно-долгорочна цел)
  • Интерна комуникација
  1. имплементирање на е-форум во рамките на домејнот mensa.org.mk (бесплатна PHP скрипта од интернет) кој би служел за интерна комуникација/дебата за членовите на Менса за различни теми и области. (Краткорочно-долгорочна цел)
  2. имплементирање на mail server во рамките на домејнот mensa.org.mk со можност секој член да има своја сопствена e-mail адреса (доколку не, тогаш членовите на УО, за почеток би можело и со виртуелни адреси кои би вршеле forward). Пример: ime.prezime@mensa.org.mk, president@mensa.org.mk, secretary@mensa.org.mk (Краткорочно-долгорочна цел)
  3. Размена на членови на Менса Македонија на мејлинг листите со членови на другите мејлинг листи од регионалните Менса комитети поради размена на искуства, поради континуирано пратење на состојбата во останатите комитети, поради взаемна поддршка и слично (забелешка: компатибилност на говорен јазик, пример – Србија, Бугарија, Хрватска). Пример: еден член на Менса Македонија оди на мејлинг листата на Менса Хрватска и обратно (принцип на реципроцитет). (Краткорочна цел)
  4. Користење на Instant Messaging за одржување online конференции како и интернет разговори – VoIP (како што е на пр. Skype, www.skype.com) (Краткорочно-долгорочна цел)
  5. Овозможување и развивање комуникација со локалните групи од другите градови (преку форумот, мејлинг листите,... ) (Краткорочно- долгорочна цел)
  • Елементи од „fund raising“
Воведувањето на елементи од fund raising (прибирање на средства) се клучни за подобрувањето на состојбите во организацијта во секој поглед. Менса како организација чии што членови се луѓето со висок коефициент на интелигенција може да ги ангажира членовите своите вештини и знаења да ги стават во функција на остварување на целите на Менса Македонија. За тој ангажман, членовите би биле на соодветен начин наградени (односно би добиле дополнителни бенефиции).
Тоа би се реализирало така што членовите би биле организирани во тимови и своите стручни знаења и вештини би ги ставиле во функција на алтернативно прибирање на финансиски средства за организацијата. Секако, тоа е волонтеристички пристап без надомест, а придобивката ќе биде на ниво на целата организација.

Менса - Македонија, Стратегија за информатичко комуникациски технологии

Како прв чекор за изготвување на стратегијата за ИКТ, е-рајдерот одговорен за оваа
организација, Марјан Михајлов апсолвент на Електро-техничкиот факултет имаше средба со двајца членови од управниот одбор на Менса Македонија. На оваа средба преку разговор и дискусија, е-рајдерот беше запознаен со работењето и активностите на организацијата, потоа моменталната состојба и нивото на искористеност на ИК технологии во организацијата, а беше дискутирано и за насоките во кои може се развива Менса Македонија во поглед на ИКТ. Од разговорот со одговорните членови од управниот одбор произлезе Стратегијата за ИКТ за нивната организација.
Стратегијата за ИКТ е претставена како пресек на моменталната состојба и потребите на
Менса за понатамошен ИТ развој. Стратегијата се содржи од краткорочни и
долгорочни интервенции. Самата стратегија содржи активности распределени во 4 категории и тоа: тим за ИКТ, веб решенија, интерна комуникација и елементи од fund raising. Во наредниот пост ќе ги наведам активностите што ги содржи стратегијата.

вторник, август 01, 2006

Планирани обуки за НВО „Сонце“

  • Кратка и ефикасна обука за канцелариско работење
Формирање на работни навики за одржување на компјутерите, како и обука за работи за поефикасно работење а кои не им биле дотогаш познати.

Временска рамка:
Обука – 1 ден
Одржување на компјутерите – (започнува веднаш по обуката)

  • Унапредување на административно - управната работа
Временска рамка
Обука Access – 1 ден
Правење база на податоци – (започнува веднаш по обуката)
Инсталирање на потребна програма за администрирање - 1 месец

  • Подобрување на библиотеката со нова електронска литература
Временска рамка:
Обука за наоѓање на потребна литература и нејзино електронско зачувување – 1 ден
Одржување на библиотеката со нови содржини – (започнува веднаш по обуката)

  • Воведување на кодекс на однесување на корисниците
Правилник наменет за корисниците на услугите кои ги нуди “Сонце” во однос на ИКТ, за подобро и полесно одржување и развој на ИКТ во организацијата

Временска рамка:
Дефинирање на кодексот на однесување – 1 ден
Стапување на сила – (по усвојување на УО и ИО)

  • Подобрување на комуникацијата и информирањето на јавноста
Формирање на маилинг листи за подобро и поефикасно информирање на јавноста и членовите.

Временска рамка:
Обука – 1 ден
Активирање на мејлинг листите

  • Подобрување и поефикасно администрирање на постоечката мрежа
Временска рамка:
Подобрување и отстранување на дефекти – 1-2 недели
Администрирање на мрежата – долгорочна цел

  • Подобрување и ажурирање на Интернет страницата
Временска рамка:
Обука за веб дизајн и ажурирање на веб страна (основи) – 1 ден
Отстранување на проблемот со веб страната – 1-2 недели
Ажурирање на веб страната – долгорочна цел

  • Легализирање на софтвер и замена со слободен софтвер на мајчин јазик (локализација)
Временски период:
во сите простории - 3 - 4 денови

Во технолошкиот план се наведени сите активности кои е-рајдерот сугерира организацијата да ги изврши. Притоа е-рајдерот ќе ги изврши оние задачи кои во времетраење на проектот може да се завршат.

Уште некое дополнување за технолошкиот план на НВО „Сонце“

Самиот технолошки план има неколку акценти: кратка и ефикасна обука за канцелариско работење во која ќе бидат опфатени главно оние операции кои не се доволно познати на членовите, унапредување на административно - управната работа, подобрување на библиотеката со нова електронска литература, подобрена и поефикасна мрежна комуникација, легализирање на софтвер и слободен софтвер, воведување на услуги за самодржливост, подобрување на Интернет страницата и воведување на правила на работа за информирање на јавноста.

Технолошки план за НВО „Сонце“

АДРР “Сонце” има доволно капацитети, технички и човечки ресурси во однос на ИКТ, може да се насочи кон понапредно одржување и искористување на ИКТ. Имено за организацијата сама да опстојува, уредува простор кој ќе го отстапува на целните групи и преку тоа ќе гои покрива трошоците за одржување на ИКТ и за нејзин развој. Основните функции на тој простор ќе бидат нудење интернет за корисници и нудење курсеви за обука за различни програми. За сето тоа правилно и беспрекорно да функционира потребно е усвојување на кодекс на однесување со ИКТ од страна на корисниците, како и програма со која ќе се администрира и следи непречено давањето на вакви услуги.

Една од насоките на стратегијата за ИКТ на “Сонце” е и унапредувањето на информирањето на јавноста за работењето на организацијата. Решението се гледа во интернетот како медиум за пренос на мултимедијални содржини и кој поддржува покомплексни можности отколку традиционалните средства за комуникација. Правењето на групи и мрежи е решението кое треба да се имплементира.

Организацијата има свој веб сајт, но тој подолго време не е достапен за широкиот спектар на интернет корисници и не е ажуриран подолг временски период. Тоа може да се разреши со тренинг обука за веб администрирање. Исто така можно е во иднина миграција кон слободен софтвер и тоа со извршена локализција. АДРР “Сонце” има желба да ја прошири својата библиотека со што е мошно повеќе литература за ИК технологија, како и за други области.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.