еРајдери - Македонија

среда, декември 27, 2006

Среќни Празници

Ви посакува Фондација Метаморфозис

среда, декември 20, 2006

Анита Борг, Меморијална стипендија за 2007 год.

Анита Борг (1949-2003) го посветила својот живот во револуционирање на начинот на кој размислуваме за технологијата и ги урнала бариерите што ги држеле жените и малцинствата од навлегување во компјутерските и технолошките домени.
Како дел од гугловата тековна мисија за потпомагање на визијата на Анита Борг, Гугл Европа објавува „Анита Борг Меморијална Стипендија за 2007 година“. Освен стипендирање, Гугл цели кон охрабрување на жените кон нивно истакување во компјутерските и технолошките домени како и на достигнување на ниво на примери и лидери во овие домени.

Повеќе детали и критериуми за аплицирање за стипендијата можете да најдете на следниот веб сајт http://www.google.com/anitaborg-europe

понеделник, декември 18, 2006

Користење на ИКТ од страна на женските НВОи во Македонија

Во Македонија постои голем број на женски НВОи. Од вкупно 30 организации дел од проектот еРајдери дури 1/3 од нив беа женски НВОи. Се испостави дека најголемиот дигитален јаз всушност се наоѓа кај женските организации.

Со цел да се утврди нивото на знаење и вештини од користење на ИКТ технологии кај женските НВО и утврдување на потребата од развивање програми за подобрување на знаењата и вештините кои ги поседуваат нивните членки, Акција Здруженска изврши истражување за користење на ИКТ кај овие организации во Македонија. Во истражувањето беа опфатени 52 женски невладини организации кои дејствуваат на територијата на Република Македонија.

Резултатите од ова истражување како и самото истражување можете да ги преземете [тука]

петок, декември 15, 2006

Одобрување на мини-грантови од проектот „еРајдери Македонија“

На седницата на Управниот одбор на фондацијата „Метаморфозис“ која се одржа на 11. 12. 2006 год. на дневниот ред се разгледа точката за одобрување на мини-грантови од проектот „еРајдери Македонија“. Од вкупно поднесени 12 проекти, Управниот одбор на фондацијата одобри 9, односно донесе одлука да се изработи веб сајт на девет невладини организации, во рамките на проектот.

Добитници на поднесените проекти се:

1. НВО „Гординија“ - Гевгелија
2. ЕГ „Грин Пауер“ – Велес
3. НВО „Еко“ - Стојаково, Гевгелија
4. НВО „Женска Акција“ – Радовиш
5. НВО „Организација на жени“ – Струмица
6. НВО „Романи Асвин“ – Штип
7. НВО „СЕЖАМ“ – Гевгелија
8. ЗГ „Утро, Ново Село“ – Струмица
9. НВО „ЦДРИМ“ – Скопје

понеделник, декември 04, 2006

Четврта годишна кампања за невладини организции и јавни библиотеки „Стоп за спамот!"

На 6ти декември ќе се одржи 4та годишна кампања за невладини организации и јавни библиотеки (достапно само за САД и Канада) на тема „Стоп за спамот!“. Едукациската кампања ќе се состои од:

• Бесплатно делење на анти-спам софтвер за невладини организации и јавни библиотеки [повеќе]
• „Spam prevention toolkit“ мноштво на информативни написи, совети, ресурси и онлајн дискусии кои можат да и помогнат на вашата организација во заштитата од спам [повеќе]

TechSoup и Mailshell се покровители на оваа едукациска кампања, кампања која на вашите НВОи ќе им даде бесплатни информации и алатки за борба против спамот, како би можеле граѓанските организации своето време и ресурси да го насочат кон подобрување и служење на општеството, а не на спамот.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.