еРајдери - Македонија

петок, мај 26, 2006

Фондацијата Метаморфозис дава консултантски услуги за е-Рајдерство

Центарот за институционален развој - ЦИРа од Фондацијата Метаморфозис побара консултантски услуги за спроведување на проектот „НВОи користат информатичка технологија во подобрување на влијанијата на нивните заедници“.
Целта на проектот е да се развијат вештините на граѓанските организации за користење и соодветна примена на информатичката технологија со цел да се обезбеди испорака на ефективни и ефикасни услуги воедно подобро да се идентификуваат, организираат и да работат со нивните партнери и целни групи во разрешување на локалните проблеми.

понеделник, мај 22, 2006

проект за е-Рајдери на ЦИРа

Проектот „НВОи користат информатичка технологија во подобрување на влијанијата на нивните заедници“ е имплементиран од Центарот за Институционален развој (ЦИРа) со финансиска поддршка од Фондацијата „е-Македонија“ и е со времетраење од 4 месеци. Во проектот ќе бидат вклушено претставници од десет граѓански организации кои имаат седиште на териоторијата на општина Скопје.
Приодот на ЦИРа во адресирање на оваа проблематика се базира на современите концепти за е-рајдери кои повеќе години успешно се применуваат во високо развиените земји и покажуваат одлични резултати. Кај нас моделот на е-Рајдерство го спроведува Фондацијата Метаморфозис и досега беа опфатени преку дваесетина граѓански организации од неколку региони на Р. Македонија.

петок, мај 19, 2006

Пристигнуваат предлог проекти до фондот за мали грантови

Во склоп на проектот има и фонд за мали грантови. Дел од организациите кои учествуваат во проектот веќе поднесоа предлог проект за задоволување на конкретни ИКТ потреби идентификувани од страна на е-рајдерите. Поголемиот дел од приложените предлог проекти се однесуваат на креирање на ваб сајтови, потоа проект за изготвување на мултимедијално ЦД, креирање на бази на податоци и др.

понеделник, мај 15, 2006

и со Акција Здруженска обука за табеларни пресметки

Напоредно со обуката за табеларни пресметки која ја спроведуваме со „Заеднички вредности“ во просториите на граѓанската организација „Акција Здруженска“ исто така се спроведе обука за табеларни пресметки, каде што повеќе внимание се посвети изработка на дијаграми, додека кај граѓанската организација „Заеднички вредности“ вниманието беше насочено кон употреба на функции, условна функции како и боолеан логика.

четврток, мај 11, 2006

Табеларни пресметки во здружение на граѓани „Заеднички Вредности“ - Скопје

Денес во просториите на здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички Вредности, ќе одржиме обука за табеларни пресметки (MS Excel). Обуката ќе опфати базични како и напредни функции на оваа програма за обработка на податоци.

Обуката ќе опфати:

- форматирање на ќелии
- користење на Autofill
- подредување листи со податоци
- формули и функции
- креирање и форматирање на дијаграми
- преглед и печатење

вторник, мај 09, 2006

Анализа на податоците добиени од прашалникот за учество во проектот „е-Рајдери“

Погледнете ја анализата на податоците добиени од пополнетиот прашалник за учество во проектот „е-Рајдери“. Во проектот учество земаа 20 организации од 9 региони од земјава. Повеќе информации околу активностите со кои се занимаваат опфатените организации, каков софтвер користат, за што најмногу ги користат компјутерите и уште многу други информации можете да прочитате тука.

понеделник, мај 08, 2006

Мали грантови

Во рамките на проектот беа изработени специфични стратегии за секоја организација посебно. Како дел од стратегијата секоја организација во соработка со е-Рајдерот имаше можност да развие проект со кој би аплицирале во фондот за мали грантови во склоп на самиот проект „е-Рајдери Македонија“. По завршувањето на проектот организациите кои изработија проект за ИКТ поддршка од фондацијата Метаморфозис и го поднесоа до организацијата имаат можност нивниот проект да биде одобрен. Проектите се во склоп на задоволување на конкретните потреби на НВО идентификувани од е-рајдерите, на пример: изготвување веб-сајтови, канцелариско вмрежување, конфигурирање сервери, креирање бази на податоци и сл.

петок, мај 05, 2006

Фотографии од ИКТ обуката во ЦПНВО Гевгелија

е-Рајдерите им помагаат на граѓанските организации од Гевгелија при совладување на ИКТ вештини.

среда, мај 03, 2006

ИКТ обука за граѓанските организации во Гевгелија

На 28 април 2006 г. ИКТ обука за три граѓански организации од Гевгелија се одржа во ЦПНВО Гевгелија. Вкупно девет члена од здружение на граѓани „СЕЖАМ“, здружение на граѓани „Гординија“ од Гевгелија и еколошко друштво „ЕКО“ од Стојаково ги следеа обуките. Слушателите се здобија со знаење од следните области:
  1. Обука за табеларни пресметки (MS Excel)
  2. Интернет и интернет пребарување (Google и Најди!)
  3. Напредна обработка на текст, циркуларни писма
  4. Конверзија на текст со помош на ЛС КонвертМак
  5. Креирање на .pdf докумети со помош на слободен софтвер (PDF Creator)


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.