еРајдери - Македонија

понеделник, јануари 30, 2006

Изготвена стратегија за Организација на жени - Струмица

Е-рајдерот со помош на организацијата „Организација на жени - Струмица“ изготви стратегија и технолошки план за потребите на организацијата, за поуспешно користење на ИКТ во нивната секојдневна работа.

петок, јануари 27, 2006

Стратегија и Технолошки план за организацијата „Женска Акција„ - Радовиш

Во прилог Ви ги доставуваме стратегијата и технолошкиот план кои беа изработени со помош на е-рајдерот за потребите на граѓанската организација „Женска Акција“ од Радовиш.

Стратегија

Технолошки план

четврток, јануари 26, 2006

Стратегијата на Центарот за демократски развој и иницијатива

Можете да ја погледнете и симнете стратегијата и технолошкиот план што беа изготвени за потребите на ЦДРИМ, како дел од проектот „е-рајдери Македонија“.

среда, јануари 25, 2006

Лаици можат да станат веб-дизајнери

Интересна информација, особено за НВО секторот.

Само со основни познавања од word и работа на интернет, сите заинтересирани сега можат да станат веб-дизајнери со помош на новиот македонски производ [повеќе]

вторник, јануари 24, 2006

Проверка на знаењето

При одржување на обуките, е-рајдерот им дава „домашни задачи“ на учесниците на обуките, се со цел подобро и поуспешно совладување на материјата. Кога ќе се заврши со еден вид на обука, учесниците добиваат тест и според него се мери влијанието на обуката врз членовите.

понеделник, јануари 23, 2006

Погледнете ги прашалниците

Сите заинтересирани можат да ги погледнат и превземат прашалниците од следната локација:

Прашалници:
Интернет и он-лајн активности
Периферни уреди
Обработка на текст
Табеларни пресметки
Презентации
Општи познавања на ОС Виндоус

За потребите на обуките, е-рајдерот изработува и материјали за учесниците, за секоја група посебно.

петок, јануари 20, 2006

Пратени прашалници за проверка на знаењето

По електронска пошта се пратени прашалници за граѓанските организации кои се дел од проектот. Со помош на прашалниците, е-рајдерот може да определи на кое ниво на знаење се членовите на една организација, дали знаат да ракуваат со одредени периферни уреди (печатач, скенер, веб камера и сл.), интернет и интернет пребарување, обработка на текст, обработка на податоци итн. Со помош на прашалниците, е-рајдерот ги групира членовите во посебни групи (според одговорите од прашалниците) и ги припрема темите и тематските целини кои ќе ги предава.

четврток, јануари 19, 2006

Романи Асвин е името на

втората ромска организација која е дел од проектот „Е-рајдери Македонија“. Иако презентација на проектот не е одржана во Штип (од каде што доаѓа оваа организација) очигледно е дека работата на е-рајдерите на фондацијата Метаморфозис е одлично прифатена од страна на граѓанските организации.

вторник, јануари 17, 2006

Посета на организациите во Велес

е-рајдерот посети 4 организации од Велес, кои се дел од проектот. Состаноците беа одржани во нивните простории. Подолу ќе ги прочитате заклучоците од состаноците.
  1. На состанокот со еколошката групација „Грин Пауер“ беше разговарано обуките да се одржуваат во просториите на „Здружението на слепи лица на општина Велес“, и освен што ќе се користат нивните простории и ресурси, ќе се зголеми и нивото на соработка помеѓу овие организации.„Здружението на слепи лица на општина Велес“ ги отстапува своите ресурси и простории без никаков надомест.
  2. Со извидничкиот одред „Димитар Влахов“ - Велес се работеше на дефинирање на термините кога ќе продолжат да се одржуваат обуките за обработка на текст и податоци, како и обуката за електронска обработка на податоци. Со нив е завршен првиот циклус (обуки за интернет пребарувања и мејлинг листи), а на состанокот се осврнавме и околу подготовката на проект за аплицирање за добивање на мали грантови, како и предлог за изработка и хостирање на веб сајт.
  3. Еколошко друштво „Вила Зора“. Ббидејќи оваа организација подоцна се вклучи во проектните активности, разбирливо е што со нив подоцна се започна со имплементирање на активностите на е-рајдерот. Поседуваат просторија како и три компјутери и може без проблеми да се започне со работа. Имајќи ја во предвид важноста на обуките за нивните членови, волни се што побрзо да се започне со обука.
  4. На состанокот со „Здружението на слепи лица на општина Велес“ стана збор заеднички да се изработи истражување преку кое ќе се утврди колку од македонските веб сајтови (.org.mk и .gov.mk) ги задоволуваат WC3 стандардите и дали со нив може да се служат слепите и слабовидните лица од Р. Македонија. Исто така, членовите на организацијата предлагаат, со наша помош/поддршка да се набави печатач за браево писмо, или да се испечатат кратки прирачници за нивните членови. (Земајќи ги во обзир трошковите за печатење на оваков вид на прирачници). Од нивната организација во обуките ќе учествуваат само лицата со неоштетен вид.

Во просториите на Центарот за поддршка на невладини организации се сместени 3 организации кои се дел од проектот е-рајдери. Тоа се:
  • Еколошка групација „Грин Пауер“
  • Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ - Велес
  • Еколошко друштво „Вила Зора“

понеделник, јануари 16, 2006

Internet Explorer, Mozilla Firefox, Netscape....

хм.... како да ја објасните разликата помеѓу различни интернет пребарувачи на учесниците од основниот курс?

Споредбено секако.... тоа е исто како да имаш автомобил (интернет пребарувач) ама различна „марка“.... цитроен, мерцедес, фиат.... :)))

Битен елемент на овој проект е, е-рајдерот не само да им одржи класична обука на граѓанските организации, како да ракуваат со определен софтвер или хардвер, туку да им ги „одмистифицира“ информатичките и комуникациските технологии (ИКТ), да им помогне да ја разберат вредноста на ИКТ, како и да ги интегрираат овие технологии во нивната работа.

Интересен заклучок

При одржување на обука во една од организациите, дојдов до заклучок дека оние учесници на обуките кои имаат основни познавања од работа со компјутер, и кои овие знаења ги стекнале и ги применуваат само затоа што работата им наложува, имаат одбивност кон компјутерите, а може да се каже и општо за секаков вид на техника. Меѓутоа кога ќе им се објасни суштината како тој компјутер или програма работи, тогаш нивниот став се менува. Веќе следниот час се многу позаинтересирани за материјата што се предава.

петок, јануари 13, 2006

Успешно одвивање на обуките

Со II и III група на СОЖМ успешно ги спроведуваме обуките. Освен интересот за материјата која е опфатена со обуката, најчести прашања и објаснувања се поставуваат и бараат околу самата функционалност на компјутерот, како основна алатка за работа. Познавајќи ги поимите со кои се среќаваат (матична плоча, хард диск, РАМ меморија) прашањата се однесуваат за тоа како и на кој принцип овие компоненти работат, како комуницираат меѓусебно.

среда, јануари 11, 2006

Агенда за обуката „Познавања на ОС Виндоус“ на СОЖМ

Агендите што беа изготвене за обучување на членовите на СОЖМ (I, II и III група) можете да ги поглденете и симнете на следните локации:


понеделник, јануари 09, 2006

Продолжуваат обуките со СОЖМ

Од денес, продолжуваат обуките со СОЖМ. Бидејќи интересот за обуките е голем, селектиравме 13 члена кои ќе ги посетуваат обуките. Членовите се на различно ниво на познавање и работа со ИКТ.

Во првата група (Општи познавања на ОС Виндоус) учество земаа 6 членови.
Во втората група (Општи и напредни познавања на ОС Виндоус) учество земаа 3 членови.
Во третата група (Напредни познавања на ОС Виндоус) учествуваат 5 членови.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.