еРајдери - Македонија

понеделник, јули 31, 2006

„Сонце“ - Асоцијација за демократски развој на Ромите

Снежана Савоска својата експертиза за примена на ИКТ во работата на граѓанските организации освен на НВО „Лулуди“ ја применува и во НВО „Сонце“.

НВО „Сонце“ придонесува кон демократска интеграција и ефективно учество на ромската заедница во општеството преку градење на капацитетите, директна поддршка и застапување на Ромите. АДРР “Сонце” има реализирани и работи и на други проекти со кои допринесува за развој на ромската популација како и развој на општесвото во кое делува. Нејзини цели се:

  • Економски и социјален развој на Ромите во Тетово и Република Македонија
  • Едукација и подигање на свеста кај младите и децата
  • Унапредување на мешуетничките односи
  • Заштита на човекови права
  • Влијание врз јавната политика
Од анализата на потреби, како и од самата апликација на организацијата и разговорот со членовите, беа утврдени следните потреби кои ќе се реализираат во периодот што следува:
  • одржување на ИКТ во организацијата и следење на развојот
  • унапредување на административно - управната работа со развивање и користење на база на податоци и програми наменети за тоа
  • воведување на правилник и кодекс на однесување на корисниците на ИКТ услугите кои ги нуди организацијата
  • подобрување и ажурирање на постојната Интернет страница,
  • подобрување и поефикасно администрирање на постоечката мрежа
  • обуки за подобро тековно работење
  • креирање Интернет групи и мрежи за информирање на јавноста и лобирање.
НВО Сонце е членка на мрежата на ромски организации

петок, јули 28, 2006

Обуки во „Лулуди“, според изработениот технолошкиот план

Технолошкиот план содржи неколку аспекти согласно со ИКТ стратегијата на РАЖМ “ЛУЛУДИ”: воведување услуги за самоодржливост на ИКТ, примена на ИКТ во проектот “Поинаков пристап сите до подобро здравје” преку евидентирање и табеларни пресметки на податоците за целната група за кој се однесува проектот, организирање обуки за оспособување на персоналот и членството, подобрување на постоечката комуникација во самата организација како и со останатите организации со кои соработува, изработка на веб страна и нејзино ажурирање и легализирање на софтвер и слободен софтвер.

  • Создавање услови за самоодржување
Временски период:
Windows – 1 ден
PDF конвертор -1 ден

  • Примена на табеларни пресметки во проектот “Поинаков пристап сите до подобро здравје”
Временски период:
MS Excel – 2 дена

  • Обуки за персоналот и членовите
Временски период:
MS Word – 1 ден
МS Power Point – 1 ден
Интернет и интернет пребарување – 1 ден

  • Подобрување на постоечката комуникација (мрежата) во самата организација
Временски период:
во канцеларија, како и препораки за полесно одржување на истата 1-ден
одржување на мрежата – долгорочна цел

  • Изработка на веб страна и нејзино ажурирање
Временски период:
изработка на веб страна – долгорочна цел од 1 -2 години
FrontPage и ажурирање на страна – 1 ден

  • Легализирање на софтвер и слободен софтвер
Временски период:

поставување легален софтвер или слободен софтвер
долгорочна цел 1-2 години

среда, јули 26, 2006

Активности со НВО „Лулуди“

еРајдерот (Снежана Савоска) кој што работи со ромската организација „Лулуди“. Нешто на кратко за „Лулуди“:

Лулуди е ромска НВО која постои заради подобрување на статусот на ромската жена во семејството и општеството и подигнување на нивото на образование на младата ромска популација преку интензивна соработка со други НВОи и институции во Република Македонија.

Цели на организацијата
  • подобрување на статусот на ромската жена во семејството и општеството
  • подигнување на нивото на образование на младата ромска популација
  • подигање на свеста на ромската популација за нивните човекови права
  • поттикнување на економски развој и зголемување на бројот на вработени жени од ромската популација
Од анализата на потреби, како и од самата апликација на организацијата и разговорот со членовите, ги утврди следните потреби кои ќе се реализираат во периодот што следува:
  • канцеларијата во која што дејствува организацијата е добро опремена технички, но сепак се јавува потреба од одржување на компјутерите, правење резервна копија (backup), корисници со различни привилегии. (краткорочна цел)
  • компјутерите се поврзани во мрежа базирана на сервер и членовите на организацијата знаат како да ја користат, но сепак постои потреба од одржување на мрежата и отстранување на проблем при мрежна комуникација на еден десктоп компјутер во мрежата со останатите. (краткорочно-долгорочна цел)
  • членовите на оваа организација имаат основни компјутерски познавања, со нив ќе се работи на стекнување знаење за поефикасна работа со програми кои најчесто ги користат при работењето. (краткорочна цел)
  • организација нема веб страна, што е недостаток. Таа има потреба од веб страна како и потреба од знаење за администрирање и ажурирање на истата. (долгорочна цел)
  • во рамките на еден од тековните проекти “Поинаков пристап сите до подобро здравје”, организацијата има потреба од база на податоци. (краткорочна цел)
  • софтверот кој се користи нема лиценца, па се јавува потреба од лиценцирање или замена со слободен софтвер. (долгорочна)

понеделник, јули 24, 2006

Организациите кои ги ползуваат еРајдерските услуги

Во понатамошниот текст ќе ги наведам 10те организации кои добиваат еРајдерски услуги без надомест, како дел од проектот „НВОи користат информатичка технологија во подобрување на влијанијата на нивните заедници“ кој ЦИРа го спроведува.

  1. „Доверба“ - Здружение за унапредување на превенцијата, третанот и социјалното вклучување на лица кои злоупотребуваат дроги и други психоактивни супстанци, Скопје
  2. „ЛИЛ“ - Организација за заштита на правата на жените и децата, Скопје
  3. „Лулуди“ - Ромска асоцијација за жени и млади, Скопје
  4. „Менса Македонија“, Скопје
  5. „МИР“ - Хуманитарна организација, Скопје
  6. „МОФ“ - Младински образовен форум, Скопје
  7. „НРЦ“ - Национален ромски центар, Куманово
  8. „Сонце“ - Асоцијација за демократски развој на Ромите, Тетово
  9. „Х.О.П.С“ - Опции за здрав живот, Скопје
  10. „Шпреса“ - Здружение на инвалиди, Скопје
Секој еРајдер работи со по две организации и за нив е должен да изработи стратегија и технолошки план за имплементирање на целите од самата стратегија. Оние цели кои еРајдерот ќе ги имплементира се краткорочните цели, додека долгорочните цели ќе ги спроведе самата организација.

четврток, јули 20, 2006

Фотографии од обуката за еРајдери

Еве неколку фотографии од обуката за еРајдерство која се одржа во просториите на фондацијата Метаморфозис.

вторник, јули 18, 2006

Посета на МОФ

Денес во 12 часот еРајдерите Ана, Милан, Елена и волонерот на фондација Метаморфозис Амит заедно со мене се состанаа со преставници од Младински образовен форум (МОФ). На состанокот преставниците на МОФ ја изложија својата ИТ стратегија, како и стратегија за работа на самата организација за 2005-2008 година.

Како приоритетни потреби на организацијата од полето на информатичката технологија се наведоа:

1. Развој на електронски производи од областа на МОФ програмите (електронски форуми, веб дебати, електронска кампања, електронски публикации)

2. Развој на комуникацијата на електронско ниво

Бидејќи лицето кое било одговорно за ИТ структурата на организацијата е зафатено со проекти од други области, тие се потрудиле да обучат членови кои во иднина ќе ги превземат овие одговорности.
Од самите еРајдери се побара помош околу обучување на нивните членови како и изнаоѓање на подобро решение околу електронскиот форум поставен на нивниот веб сајт, поправање на интерната мрежа, спојување на два веб сајтови во еден, он-лајн конференции, предлог за префрлање на хостингот кај друг провајдер. еРајдерот кој е одговорен за МОФ е Милан, а директна помош ќе добива од Амит како и од другите еРајдери (индиректно).

понеделник, јули 17, 2006

Првични посети на дел од организациите

Денес направивме првична посета на НВО Лил и НВО Х.О.П.С. На двете посети присуствуваа сите еРајдери како и претставници од ЦИРа. На состаноците се разговараше околу задолженијата на еРајдерите околу самите организации, изработка на анализа на потреби и стратегија, се постави временска рамка на активностите кои се планираат.

среда, јули 12, 2006

Учесници на обуката за еРајдерство

Денес започнуваме со обуката за еРајдерство. Обуката ќе трае три дена (среда-петок), се одржува во просториите на Фондација Метаморфозис и трае од 10-14 часот. Обуката ќе ја следат 5 идни еРајдери како и Амит Скендери волонтер на Метаморфозис.

  • Ана Трпеска
  • Елена Игнатова
  • Милан Михајлов
  • Мирослав Коцевски
  • Снежана Савоска
Во претходниот пост можете да ги погледнете и симнете презентацијата и прирачникот за еРајдери.

вторник, јули 11, 2006

Како до прирачникот?

а прирачникот и презентацијата за методологијата на еРајдерството можете да го превземете од тука или од веб сајтот на фондацијата Метаморфозис.

Прирачник еРајдери

Презентација еРајдери

Прирачник за еРајдерство

Во рамките на проектот „еРајдери“, спроведен од фондацијата Метаморфозис беше изготвен прирачник за методологијата на еРајдерството. Прирачникот ги содржи основните поими за еРајдерство, историја на еРајдерството, концептот и процесот на еРајдерство.

Прирачникот беше адаптиран врз основа на текстот „eRaider Starter Kit v.1“ објавен на сајтот http://erider.cult.bg/resources/general/in/see/?cid=366

Делото е објавено под лиценцата Креативни заеднички содржини, кои овозможуваат негова дистрибуција и надградба, односно менување, преведување и адаптација за непрофитни цели.

(Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike License) http://creativecommons.org/licenses/by-nc-sa/2.0

понеделник, јули 10, 2006

Обука за еРајдерство во Метаморфозис

Во просториите на Фондацијата Метаморфозис од 12.07. до 14.07.2006 г. ќе се одржи обука за еРајдерство во склоп на консултантските услуги кои фонадацијата ги нуди на Центарот за институнационален развој (ЦИРа) за проектот „НВОи користат информатичка технологија во подобрување на влијанијата на нивните заедници“.
Проектот е имплементиран од ЦИРа со финансиска поддршка од Фондацијата „е-Македонија“ и е со времетраење од 4 месеци, а ќе бидат опфатени 10 организации од општина Скопје
На обуката ќе учествуваат 5 еРајдери селектирани од ЦИРа, на која ќе се запознаат со методологијата за еРајдерство, креирање на ИКТ стратегија за секоја огранизација и имплементирање на истата.

Обуката ќе ја води еРајдерот на фондацијата, Јорданка Петрушевска.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.