еРајдери - Македонија

четврток, јуни 21, 2007

Објавени македонските лиценци Криејтив комонс

Г. Џои Ито, претседавач на Криејтив комонс, на 19 јуни 2007 година во Скопје, ја промовираше македонската верзија на светски познатите лиценци кои овозможуваат ширење на слободна култура. Со прилагодувањето на лиценците на нејзиниот правен систем Македонија стана 38 земја-членка на семејството на Криејтив комонс. На презентацијата која се одржа во хотелот Холидеј ин учествуваа над 120 посетители, а воведни излагања имаа и преведувачот на лиценците и координаторот на процесот, г. Николче Мицковски од Фондацијата Метаморфозис, експертката задолжена за нивно прилагодување на македонското законодавство г-а Неда Здравева од Правниот факултет, како и г-а Деси Пефева, претставничка на Интернет општество Бугарија, која ги пренесе искуствата од примената на Криејтив комонс во нејзината земја. [повеќе]

1 Comments:

  • Е па супер редно беше! Драги мои би требало повеќе да се рекламирате и промовирате како би се наметнале како демократска сила во секојдневната борба за слобода. Ова не е демагошка фраза затоа што секојдневно гледаме и чуствуваме на своја кожа како ни ја скратуваат слободата, белосветските бандити на секој начин се трудат да ни влезат во мозокот и да ни судат дури и ако само помислиме нешто интимно. Тука се разноразните прохибиции на знање што се спроведуваат под маските за лиценцни права авторски права итн. Да не се разбереме погрешно не сум да се пљачкаат нечии идеи затоа што и тоа постои во овие закони, како легално да те оплачкат (Дали сте пробале како обичен човек да патентирате некоја идеја? колку пари ќе ви побараат а и откако ќе ви ги земат парите пак немате никаква заштита од волците. Затоа борбата за слободен живот и слободно размислување е секојдневна а посебно во светот на компјутерите и софтверот.
    В.Утевски

    By Anonymous Анонимен, at септември 12, 2007 11:47 претпл.  

Објави коментар

<< Home


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.