еРајдери - Македонија

вторник, март 28, 2006

Интернет и интернет пребарување со членовите на АЕГЕЕ

Во просториите на Асоцијација на Европски Студентски Структури (АЕГЕЕ) се одржа обука на тема Интернет и интернет пребарување. Овој вид на обука е од особено значење за АЕГЕЕ со оглед на нивната мисија и активности кои ги спроведуваат. Бидејќи организацијата има слаба врска кон интернет (ја користат универзитетската конекција) од особена важност им е како најбрзо и најлесно да дојдат (со пребарување) до потребните информации.

понеделник, март 27, 2006

активности со АЕГЕЕ

Денес и во среда ќе се одржи напредна обука за обработка на текст со членовите на АЕГЕЕ. Со обуката ќе се опфатат некои напредни опции од апликацијата Microsoft Word со што членовите на оваа организација поуспешно и полесно ќе ги извршуваат своите активности.

сабота, март 25, 2006

Втор модул од обуките со Женска Акција, Радовиш

Денес, во просториите на женската организација „Женска Акција“ од Радовиш се одржа последниот модул од обуките кои беа предвидени за членките на оваа организација. Обука за табеларни пресметки Microsoft Excel, обука за Интернет и интернет пребарување, како и кратка обука за конвертирање на текст. Иако со обуките завршивме, поддршката од е-Рајдерот продолжува и понатаму.

петок, март 24, 2006

ЦДРИМ - табеларни пресметки

За членовите на Ценатрот за демократски развој и иницијатива денес се одржа обука за табеларни пресметки. На обуката учествуваа пет члена на организацијата. Истите добија агенда по која се одржуваше обуката како и материјали за учење. Исто така им беше зададено да изработат задача, и истата да ја препратат на мејл на е-рајдерот. Задачата беше успешно реализирана.

четврток, март 23, 2006

студентите од АЕГЕЕ научија табеларни пресметки

Практикантот Сениха Хасановиќ одржа обука за основно користење на програмот за табеларни пресметки MS Excel. На обуката учествуваа шест членови на организацијата, поради органичените технички ресурси со кои располага организацијата. Интересот за учество во обуките кои ги спроведува е-Рајдерот и практикантите е голем, но поради органичените ресурси, бројот на учесниците е намален.

среда, март 22, 2006

Денес обука и во ЦДРИМ

е-рајдерот заедно до двајца практиканти држеше обуки во Штип за членовите на ромаскат аорганзиација Романи Асвин, додека во Скопје во населбата Шуто Оризари во просториите на ЦДРИМ (Центар за демократски развој и иницијатива) се одржа последниот модул од обуката за обарботка на текст. Обуката ја спроведе практикантот Снежана Савоска.

Денес во Штип

Денес во просториите на ромската организација Романи Асвин во Штип се одржа целодневен циклус на обуки. Овие обуки всушност беа последниот дел од обуките зацртани со стратегијата изработена за оваа организација. Се одржаа обуки за табеларни пресметки, презентации, инсталирање и работа со конвертор за конверзија од кириличен фонт во мак. поддршка и обратно. Исто така се разгледаа можности за намалување на големината на слики со софтвер кои веќе го имаат инсталирано.
Со оваа активност заврши посетата и обучувањето на членовите на Романи Асвин, но секако давањето на техничка поддршка и експертиза продолжува и понатаму.

Во тек е изработка на стратегија и технолошки план

Овој период во тек е изработка на стратегија и техннолошки план за две организации од Струмица. Тоа се еколошкото друштво „Планетум“ и здружението на граѓани „Утро“ од Ново Село.

вторник, март 21, 2006

Последниот модул од обуката за обработка на текст за членовите на ЦДРИМ

во среда ќе се одржи последниот модул од обуката за обработка на текст за членовите на ЦДРИМ. Поради нивната зафатеност, обуката мораше неколку пати да се одложува. Наредна обука според технолошкиот план за реализација е обуката за табеларни пресметки, MS Excel.

понеделник, март 20, 2006

Активности со Женска акција од Радовиш

Во сабота, на 18.03.2006 год. во просториите на градската библиотека во Радовиш беа спроведени две обуки за членовите на женската органзиација „Женска акција“ од Радовиш. Претседателката на организацијата Иванка Соколова, успеа од општината да добие дозвола за користење на просториите, техничките ресурси (три компјутери) како и интернет пристап за време на одржување на обуките за членките на оваа организација. На обуките учествуваа 7 членки на оваа организација, а се одржаа обуки за обработка на текст како и изготвување на презентации. Поради работните обврски на активистките на организацијата, активностите во склоп на проектот „е-Рајдери“ ќе се одвиваат во два неработни дена.

петок, март 17, 2006

Го спроведовме првиот модул од последната обука во СОЖМ

После неколку неделна пауза денес, го спроведовме првиот модул од обуката „табеларни пресметки - MS Excel“ која воедно е и последна обука зацртана според стратегијата изработена за СОЖМ. Поради презафатеноста на активистките на СОЖМ (воедно и учеснички во обуките) спроведувањето на последната зацртана обука се одолговлечи. Се надеваме дека веќе на почетокот на наредната работна седмица ќе довршиме и со вториот модул.

четврток, март 16, 2006

Благодарност до ЦПНВО во Штип

Благодарност до Центарот за поддршка на невладини организации во Штип, за вчерашното отстапување на нивните простории, технички ресурси како и пристап до интернет за непречено одвивање на обуките за членовите на ромската оганизација „Романи Асвин“.

среда, март 15, 2006

Обука за членовите на Романи Асвин - Штип

Денес, е-Рајдерот на Метаморфозис заедно со волонтерот Енсер Муаремовски ќе одржи две последователни обуки за членовите на Романи Асвин. Обуките ќе се спроведат во просториите на организацијата, а ќе присуствуваат 5 члена. Ќе се одржи обука за напредно користење на оперативниот систем Windows XP и напредна обука за обработка на текст MS Word.
За таа цел беа изготвени материјали за учесниците како и агенди за следење на обуката.

Втор модул од обуката за обработка на текст во ЦДРИМ

Денес, во просториите на ЦДРИМ продолжуваме со обуката за обработка на текст. Обуката ќе ја следи и уште еден волонтер, Сениха Хасановиќ. Останува само уште еден модул за завршување на обуката за обработка на текст, потоа продолжуваме понатаму.

вторник, март 14, 2006

Обука во просториите на ЦДРИМ

Денес, во 13.00h продолжуваме со вториот од вкупно три модули од обуката за обработка на текст. Вториот модул ги опфаќа темите:
  • Формати на карактери и параграфи
  • Циркуларни писма
Обуката ја спроведува еден од волонтерите на проектот, Снежана Савоска.

Состанок со АЕГЕЕ

Дојдовме и до спроведување на активностите со последната организација, дел од проектот од регионот на Скопје. На вчерашниот состанок со претставниците на АЕГЕЕ беа зацртани обуките кои ќе бидат спроведени. Датумот на започнување на обуките дополнително ќе биде утврден, бидејќи оваа работна недела членовите на АЕГЕЕ ќе бидат службено отсутни.

понеделник, март 13, 2006

Извештај за посетата на организациите во Струмица

Информации околу посетата на НВО од Струмица кои се дел од проектот е-Рајдери можете да прочитате во следниов извештај.

петок, март 10, 2006

Посета на организациите вклучени во проектот „е-Рајдери“ во Струмица

Денес, е-рајдерот заедно со дел од волонтерите ќе изврши првична посета на организациите во Струмица кои се дел од проектот „е-Рајдери Македонија“. Притоа ќе биде посетен и ЦНПВО во Струмица, со цел да се одржи краток состанок околу соработка, односно нивна поддршка за поуспешна реализација на проектот.

среда, март 08, 2006

Непредна обука за обработка на текст (MS Word) за членовите на ЦДРИМ

Денес, под водство на волонтерот Снежана Савоска започна обука за напредна обработка на текст, Microsofot Word. Се одлучивме на овој вид на обука бидејќи ромската организација Центар за демократски рзвој и иницијатива овој вид на софтвер го користи за обработка на текст. Ќе бидат опфатени напредни опции за користење на оваа програма, односно опции кои ќе им ја олесни работата на организацијата.

вторник, март 07, 2006

Романи Асвин - Стратегија и Технолошки план

Веќе од денес можете да ја погледнете и/или да ја симнете стратегијата и технолошкиот план изработени за ромската организација Романи Асвин од Штип. Стратегијата и технолошкиот план ги изработија двајца волонтери кои присуствуваа на првата посета на оваа организација. Имплементарањето на активностите, ќе биде во текот на овој месец, а точниот датум ќе го определиме во склад со работните обврски на е-Рајдерот и членовите на Романи Асвин.

Обука Windows за членовите на ЦДРИМ

Денес продолживме со обуката за електронска обработка на податоци Windows. Обуката опфати основни и некои напредни подесувања на корисничкиот интерфејс, подесувања во контролниот панел, креирање на кориснички профили и нивно администрирање, контрола и статус на печатачи.
Исто така беше опфатено и работење во мрежа, делење на ресурси на мрежата (делење на податоци, делење на периферни уреди) како и сигурност и привилегии. Обуката ја водеше Јана Ѓорѓиевска волонтер на проектот „е-Рајдери Македонија“, студент при Институот за Информатика на ПМФ.

понеделник, март 06, 2006

Започнаа активностите со ЦДРИМ

Во просториите на Центарот за демократски развој и иницијатива (ЦДРИМ) во населбата Шуто Оризари започнавме со спроведување на обуката за Електрoнска обработка на податоци - Windows. Обуката ја следеа 5 члена на организацијата, а ја спроведе волонтерот на проектот „е-Рајдери“ под менторство на е-Рајдерот Јорданка Петрушевска.

четврток, март 02, 2006

Продолжување на обуките со СОЖМ

Поради големите ангажмани на СОЖМ беше направена пауза во спроведување на обуките кај оваа организација. По еднонеделна пауза се продолжи со последниот модул од зацртаната обука за напредна обработка на текст Ms Word. Утре, продолжуваме со обука за табеларни пресметки.

среда, март 01, 2006

Состанок во просториите на ЦДРИМ

На денешниот состанок со претставникот на ЦДРИМ беа зацртани термините за спроведување на обуките кои претходно ги определивме заедно со волонтерите. Во текот на следната недела ќе се спроведат две обуки и тоа:

- Основи на електронска обработка на податоци MS Windows
- Напредна обука за обработка на текст MS Word

Обуката за MS Windows ќе ја спроведува Сениха Хасановиќ - волонтер на проектот, во присуство на е-Рајдерот, а обуката за MS Word ќе ја одржи Снежана Савоска, исто така волонтер.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.