еРајдери - Македонија

понеделник, јануари 29, 2007

Тренинг камп за Plone

Во периодот од 12 до 16 март 2007 година во Бангалор, Индија ќе се одржи првиот тренинг камп за Plone - систем за уредување на содржини (Content Management System - CMS). На обуката ќе се опфатат теми како да се користи овој CMS, прилагодување на истиот на нашите потреби и развивање на сајтови со помош на Plone. На обуката може да учествуваат сите заинтересирани страни кои имаат искуство со HTML, додека искуство со програмскиот јазик Python или Plone не е потребно.

Учеството за тренинг кампот е овозможено за сите заинтересирани страни, а цели кон:

  • корисниците кои имаат HTML искуство или искуство со веб дизајн
  • корисници со или без Python искуство
  • корисници со или без Plone искуство

Повеќе информации и предуслови за тренинг кампот за Plone можете да најдете овде.

вторник, јануари 16, 2007

WITT повторно во акција!

По неколку месечен прекин, WITT повторно се враќа со работа во областа на:
  • Зголемување на свесноста на женските активистки за придобивките од ИКТ вештини за нивен личен и професионален развој
  • Јакнење на знаења и вештини на активистки за користење на ИКТ
  • Зголемување на можности за нивно меѓусебно поврзување и заедничко делување
Како партнер во имплементација на еРајдерските активности во женски НВОи ќе биде НВО „Акција Здруженска“. Оваа организација веќе има соработка со WITT како и развиено своја програма за информациски иницијативи. Акција Здруженска е контакт организација и партнер за имплементација во Република Македонија на регионалниот WITT проект, кој ги опфаќа земјите од Југоисточна Европа.

WITT претставува регионална мрежа на организации кои работат на едукација на активистки од женски организации, за користење на информациските технологии. Повеќе информации за самата организација можете да најдете нивниот веб сајт http://www.witt-project.net

недела, јануари 14, 2007

Проектот еРајдери ќе се фокусира на поголема употреба на ИКТ во женските НВОи

Пред извесно време имав еден пост каде што беше прикажана ситуацијата во нашата земја со користењето на ИКТ во работата кај женските организации, односно дигиталниот јаз кај женските НВОи. Според истражувањето на НВО „Акција Здруженска“ како и искуството на еРајдерите во досегашната работа со НВОи од различен тип заклучивме дека проектот ќе го фокусираме кон Gender & ICT.

Поради тоа, наредните постови на овој блог ќе опфатат теми од род и ИКТ.

сабота, јануари 13, 2007

Обука за користење на канцеларискиот пакет Опен Офис.орг за единиците на локалната самоуправа

Од 15 до 20 јануари 2007 година во хотелот „Ривиера“ во Охрид во организација на Фондацијата Метаморфозис започна обука за користење на канцеларискиот пакет Опен Офис.орг . Обуката е наменета за единиците на локалната самоуправа во Република Македонија и во текот на шест дена ќе бидат обучени околу 100 службеници од 25 македонски општини.

Обуката ја водат Јорданка Петрушевска и Никола Мицкоски од Фондација Метаморфозис. [повеќe]

петок, јануари 12, 2007

Убунту за НВОи

Oд мноштвото на Линукс дистрибуции кои можете да ги најдете на интернет, би можела да кажам дека Убунту дистрибуцијата е сосема погодна за користење од страна на НВОи кои сеуштте користат нелегален оперативен систем.

Користењето на оваа линукс дистрибуција без никакви проблеми можете да ја инсталирате па дури и конфигурирате на својот компјутер. Како многу едноставна за користење, подесување на останатиот хардвер се врши само со неколку кликнувања на глувчето (без употреба на командна линија), инсталацијата на програмите кои ви се потребни како и сите апдејти за самиот оперативен систем е исто така решено графички, без потреба од големо познавање на работа во школка.

Убунту можете да го нарачате и да го добиете по пошта бесплатно на следниот линк:

https://shipit.ubuntu.com

Исто така мноштво на документација за користење на Убунту, туторијали, корисни линкови и сл. можете да најдете овде.

среда, јануари 10, 2007

Blogher - каде што жените блогираат

Гледајќи го дигиталниот јаз пред се кај женските НВОи, еРајдерите ќе се фокусираат на приближување на дигиталниот јаз кај овие организации. Како пример ќе посочам еден блог каде што можете да прочитате интересна приказна за една девојка која освен што се занимава со блогирање туку можеме да кажеме дека е и „сосема случајно навлечена на технологијата“ и како нејзините научени ИКТ вештини и способности ги користи во НВО каде што работи.

[повеќе]

понеделник, јануари 08, 2007

makethemove.net

И додека сурфав по интернет... налетав на еден веб сајт кој мислам дека е навистина интересен и од полза.

Навистина помага во објаснувањето (во кратки-главни црти) зошто и како луѓето да мигрираат кон Линукс.

За повеќе кликнете [тука]

четврток, јануари 04, 2007

Најава за мини-конференција „Жените во Слободниот Софтвер“

Southern California Linux Expo“ најавува мини конференција на тема „Жените во Слободниот Софтвер“. Целта на оваа конференција е да се охрабрат жените за користење на технологијата како и слободен софтвер и софтвер со отворен код, да се истражат пречките со кои жените се соочуваат при нивно навлегување во техношката индустрија. Аудиториумот ќе го преставуваат жени кои имаат интерес за технологијата, но се неодлучни да навлезат во неа бидејќи мислат дека е тоа „само за мажи“ поле.

Конференцијата ќе се одржи заедно со петтиот по ред „So Cal Linux Expo“, во „ Westin LAX Hotel“ во Лос Ангелес, САД. Конференцијата „Жените во Слободниот Софтвер“ ќе се одржи на 9ти февруари.

За повеќе информации одете на http://www.socallinuxexpo.org


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.