еРајдери - Македонија

среда, април 26, 2006

Во петок, обука за граѓанските организации во Гевгелија

Петок, 28 април 2006 г. во Центарот за поддршка на невладини организации во Гевгелија ќе се одржи ИКТ обука за граѓанските организации дел од проектот „е-Рајдери“. На обуката ќе присуствуваат членови од здружението на граѓани „СЕЖАМ“, здружение на граѓани „Гординија“ од Гевгелија и еколошко друштво „ЕКО“ од Стојаково.

понеделник, април 24, 2006

Фотографии од вториот модул од обуките одржани во ЦПНВО Струмица

Еве уште неколку фотографии од обуките одржани во ЦПНВО Струмица. Присутни беа членовите на еколошкото друштво „Планетум“, Организација на жени на Струмица и граѓанската организација „Утро“ од Ново Село.

петок, април 21, 2006

Успешно завршена обука

Во среда на 19 април 2006 година заврши обуката за НВОа од Струмица, дел од проектот „е-Рајдери“. Членовите на граѓанските организации: еколошко друштво „Планетум“, Организација на жени на Струмица и граѓанската организација „Утро„ од Ново Село беа обучени за користење на информатичките технологии што ќе ги применат во својата работа се со цел олеснување на нивната работа како и полесно спроведување на нивната мисија и активности. Во прилог ќе следат неколку фотографии од настанот.

четврток, април 20, 2006

Стратегии и технолошки планови за НВОа од Струмица

Можете да ги погледнете изработените стратегии и технолошки планови за граѓанските организации од Струмица кои се дел од проектот „е-Рајдери“.

Еколошко друштво „Планетум“
Граѓанска организација „Утро“ - Ново Село

вторник, април 18, 2006

Втор дел од обуката за НВО во Струмица

Во среда (19 април 2006 г.) во просториите на ЦПНВО Струмица од 10-17 часот ќе се одржи вториот модул од обуките предвидени за граѓанските органзиации кои се дел од проектот е-рајдери.

Дел од членовите на граѓанските организации најпрво ќе бидат обучени за користење на информатичките технологии, потоа и ќе ги применат во својата работа се со цел олеснување на нивната работа како и полесно спроведување на нивната мисија и активности.

петок, април 14, 2006

Фотографии од одржаната обука во ЦПНВО Струмица



четврток, април 13, 2006

Извештај за одржаната обука во ЦПНВО Струмица

Во центарот за поддршка на НВОи во Струмица се одржа целодневна ИКТ обука за активистите од неколку организации кои се дел од проектот е-Рајдери. Од секоја организација учествуваа по тројца членови, а центарот на користење ни ги отстапи своите технички ресурси (компјутери + интернет пристап).
Обуката започна во 10 ч. и траеше до 17 часот. Беа опфатени три модули, односно обука за:
  • напредно користење на оперативниот систем Windows
  • напредни опции на апликацијата за обработка на текст Microsoft Word
  • обука за подготвување на презентации во апликацијата Microsoft Power Point
на обуката присуствуваа членови од следниве организации:
  • Организација на жени - Струмица
  • Еколошко друштво Планетум
  • Граѓанска организација Утро - Ново Село
Учесниците добија материјали во печатена и електронска форма. На 19.04.2006 ќе се одржи и вториот модул од ИКТ обуката. Потоа ќе се започне со имплементација на стекнатите знаења во нивната работа и мерење на резултатот од имплементирањето на ИК технологии.

вторник, април 11, 2006

Последна обука во АЕГЕЕ

Денес, се одржа последната обука за членовите на АЕГЕЕ. Обуката се однесуваше за употреба на е-маил клиентот Outlook express, а ја водеше Енсер Муаремовски. Бидејќи организацијата има пристап до интернет преку универзитетска врска, односно спора интернет конекција (и органичен лимит за даунлоад) електронската пошта сакаат да ја имаат локално, на своите компјутери неопходно беше одржување на оваков вид на обука.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.