еРајдери - Македонија

четврток, април 19, 2007

Награда на Светскиот самит за информатичко општество - WSA

и кај нас!

Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините – наречени Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит.
Наградата на Светскиот самит опфаќа 168 земји и се одржува во оквир и соработка со Светскиот самит за информатичко општество [WSIS].

Република Македонија првпат зема учество во натпреварот за Наградата на Светскиот самит (НСС) за информатичко општество во 2005 година. Оваа година, НСС изборот го спроведува фондацијата Метаморфозис.

Повеќе околу начинот на спроведување на изборот, категориите, критериумите за избор како и пријавување на проекти и промотори можете да најдете на официјалната веб страна на Наградата за Светскиот самит - Македонија.

понеделник, април 16, 2007

LPI тренинг

Во периодот од 3 до 10 април дел од вработените во Фондацијата Метаморфозис учествуваа на LPIC-1 тренинг кој се одржа во „Центарот за компјутерска едукација - CCED“ во Сараево, Босна и Херцеговина. Тренингот го водеше сертифицираниот LPI тренер Кенан Калајџиќ.

Од неодамна, фондацијата Метаморфозис е сертифициран тренинг партнер на Linux Proffesional Institute - LPI и наскоро ќе започне со нудење на обука за полагање на испитите потребни за добивање на Junior Level Linux Professional сертификатот.


The Linux Professional Institute Certification (LPIC) програмата е дизајнирана да ги сертифицира стручните ИТ професионалци кои го користат Линукс оперативниот систем и неговите алатки. Оваа програма е дизајнирана да биде неутрална во поглед на користењето на различни линукс дистрибуции, следејќи го Linux Standard Base стандардот како и други релавантни стандарди и конвенции.

петок, април 06, 2007

Работилница за применети политики за слободен софтвер Флос ворлд

На 30 и 31 март во Софија, Бугарија се одржа работилница на проектот FLOSSWorld во организација на Интернет општество - Бугарија. На работилницата учествуваше и тимот на Фондацијата Метаморфозис, презентирајќи ги состојбите во врска со применетите политики и слободниот софтвер во Македонија во периодот март 2006-март 2007 година.

Флос ворлд (FLOSSWorld) е дел од Шестата рамковна програма финансиран од ЕУ преку кој се прибираат и анализираат на емпириски податоци во врска со слободниот софтвер, со цел да се зајакне европското водство на полето на слободен софтвер и отворени стандарди, како и да се искористат комплементарните елементи на научно-истражувачката дејност и креирањето применети политики за да се подобри меѓународната соработка на овие полиња. [повеќе]


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.