еРајдери - Македонија

среда, август 31, 2005

Извештај за презентацијата на проектот во Велес

30 Август 2005
ЦПНВО Велес

презентери: Петрушевска Јорданка
Михајлов Марјан

Презентацијата се одржа во ЦПНВО во Велес, со почеток во 18.00 часот и траење од 1 час. Во првиот дел од презентацијата, е-рајдерот Марјан Михајлов одржа презентација на проектот Е-рајдери Македонија преку слајдови, а е-рајдерот Петрушевска Јорданка се осврна повеќе околу слободниот софтвер. Во вториот дел од сесијата имаше дискусија со поставување на прашања од присутние. Некои од темите за кои се интересираа присутните беа и дали услугите на е-рајдерот се бесплатни, колку чини легализирањето на софтверот, дали виндоус и офис се една лиценца или две посебни лиценци, дали услугите на е-рајдерот се и во доменот на компјутерските игри и помош при формирање такви екипи и тимови итн.

На крајот присутните беа известени како може да комуницираат со е-рајдерите (меил, телефон, информации во ЦПНВО) за да ги известат дали се заинтересирани за услугите на е-рајдерите, откако прво ке ја дистрибуираат идејата и информациите во своите матични организации.

На презентацијата беа поканети 13 НВО (преку телефонско известување, маил или лично пренесена усмена покана), од кои присутни беа 5 НВО. Писмено известување во ЦПНВО беше истакнато од 26.08.2005 на огласна табла. Листите на поканети и присутни се дадени во додатоци 1 и 2. Настанот беше покриен и со неколку фотографии.

подготвил:
Михајлов Марјан


Додаток 1: Листа на присутни

Име на организација Име и презиме на учесник
ЕД Вила Зора Драган Настовски
ВИА - Велес Никола Ќурчиев
Стрип Центар Ване Трајков
Green Power Горан Андреев
ЗРД ЗЦП Снежана Џуфовска
ЗРД ЗЦП Биљана Маневска
ЗРД ЗЦП Вања Кулумова

Додаток 2: Листа на поканети НВО
ЕД Вила Зора, Црвен Крст, ЗРД ЗЦП, Здружени на слепи, Здружение на финанскиски работници, Вавилон центар Велес, Пчела, Стрип Центар, ВИА Велес, ИО „Димитар Влахов“ Велес, Green Power, Галеби Чашка и ЗГ ДКМ „Којнички Средби“.


вторник, август 30, 2005

Презентација во Велес

Престојната презентација треба да се одржи денес, во ЦПНВО - Велес со почеток во 18h. Поканети се десетина организации од Велес кои ги исполнуваат основните критериуми за учество во проектот. Презентацијата можете да ја погледнете тука.

понеделник, август 22, 2005

МОФ отпадна, а зошто?

Младински Образовен Форум - МОФ, организација чие поле на активности ги опфаќа човековите права, законодавството, правата на жените, уметност и култура, масовни медиуми, едукација, неформално образование претставува една добро структуирана организација која пред се работи со и за младите луѓе.

Бидејќи е добро технички опремена организација, со млади луѓе кои се одговорни за техничката поддршка немаат потреба од услугите кои ги нудат е-рајдерите. Се договоривме околу соработка и помош на некои од проектите на кои работат.


Информации за проектите и активностите на кои работи МОФ можете да добиете на повеќе [повеќе]

петок, август 19, 2005

Common Values - Заеднички Вредности - Скопје

НВО Заеднички вредности - стратегија

НВО Заеднички вредности - технолошки план


www.cv.org.mk

среда, август 17, 2005

Здружение на граѓани „Акција Здруженска“ – Скопје

Погледнете ја стратегијата и технолошкиот план и на Акција Здруженска.


сеуште во изработка, но може да погледнете како би изгледал веб сајтот
www.zdruzenska.org.mk

петок, август 12, 2005

Асоцијација на европски студентски структури „АЕГЕЕ“ - Скопје

Стратегија

Технолошки план

повеќе информации за оваа организација можете да најдете овде

вторник, август 09, 2005

Стратегија и технолошки план на СОЖМ

Изработената стратегија и технолошки план на Сојуз на Организации на Жените на Р. Македонија можете да ги погледнете тука:

Стратегија

Технолошки план

Линк до веб сајтот на СОЖМ

петок, август 05, 2005

Изработени стратегии на НВО вклучени во проектот

Стратегиите поконкретно се однесуваат на обезбедување на координиран и одржлив развој на организациите со примена на ИК технологија. Главни акценти на стратегијата се ставени на потребите на организациите како и на анализите произлезени од евалуацијата на сегашната состојба. Поконкетно се работи за обезбедување на пофлексибилна, задоволителна, ефикасна и поефтина комуникација од традиционалните методи како телефон и писмо, помеѓу различни луѓе членови на организациите, како и нивните органоците кои се на различни дисперзирани локации. Една од насоките на стратегијата за ИКТ е и унапредувањето на комуникацијата помеѓу нивните географски дисперзирани капацитети , како и обезбедување услови од технолошки аспект за продолжување со проекти кои се потпираат на ИКТ технологија, во понатамошни фази од нивното функционирање.

Следуваат стратегиите и технолочките планови изработени за секоја организација одделно.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.