еРајдери - Македонија

понеделник, септември 18, 2006

Извештај од одржаната прес конференција на ЦИРа

Центарот за институционален развој-ЦИРа и Фондацијата е-Македонија во конференциската сала на ЦИРа на 15 септември (петок) 2006 год. со почеток во 11 часот одржаа завршна прес-конференција со цел презентирање на резултатите од имплементирањето на проектот „НВОи користат информатичка технологија за подобрување на влијанијата во нивните заедници”.
На прес-конференцијата учество зедоа Никица Кусиникова, претставник од ЦИРа, Славе Младеновски, претставник од Фондацијата е-Македонија, Натка Пачоски претставник од НВО Доверба, Јорданка Петрушевска претставник од Фондацијата Метаморфозис како и претставници од е-рајдерите.

Проектот беше имплементиран од страна на Центарот за институционален развој -ЦИРа со времетраење од 4 (четири) месеци, а со финансиска поддршка од Фондацијата е-Македонија. Преземете го извештајот од тука.

петок, септември 15, 2006

ЦД „Заврши си работа!“ за одбележување на Денот на слободниот софтвер

По повод Денот на слободниот софтвер - 16 септември , Фондацијата „Метаморфозис“ подготви ЦД со слободен софтвер под наслов „Заврши си работа!“.

ЦДто содржи слободен софтвер на македонски и англиски јазик наменет за:

* канцелариско работење: обработка на текст, табеларни пресметки, презентации, бази на податоци) – ОпенОфис.орг, со упатство за употреба на македонски јазик
* користење на интернет: сурфање и е-пошта – Фајерфокс, Тандербрд
* обработка на слики, фотографии и документи во разни формати – Гимп, ПДФ креатор...
* како и 11 игри.


Слободниот софтвер е целосно легален, а носителите на авторските права за него дозволуваат негова употреба, развивање, локализирање, копирање и споделување.

Користењето на висококвалитетен слободен софтвер, покрај практичната полза дома или на работното место, придонесува и за намалување на стапката на пиратство во Македонија и изградба на култура на слободно споделување знаење.

Од 16 септември 2006 година, ЦДто ќе биде достапно преку дистрибутивната мрежа на дневниот весник „Време“ по симболична цена од 50 денари.

Изработката на ЦДто е дел од проектот за слободен софтвер на Фондацијата „Метаморфозис“, финансиран од Фондацијата „Институт отворено општество – Македонија“ (ФИООМ) и „Институт отворено општество – Будимпешта“ .

Во подготовката на ЦДто и локализацијата на софтверот, преку превод, лектура и тестирање, учествуваа експерти (информатичари, лектори, преведувачи) и голем број волонтери, преку низа активности организирани во соработка со НВО „Слободен софтвер Македонија“ .

четврток, септември 14, 2006

16 септември - Ден на слободниот софтвер

Денот на слободниот софтвер (16 септември) (Software Freedom Day) претставува славење на слободниот софтвер насекаде низ светот. Целта на прославата е да се запознае јавноста со придобивките од користењето на слободниот софтвер во образованието, владините институции, дома и во деловниот сектор.

Насоките за одбележувњето на Денот на слободниот софтвер ги дава непрофитната организација Софтверска слобода интернешнал (Software Freedom International), додека волонтерски тимови организираат свои настани во нивните земји со цел да ја подигнат свеста за слободниот софтвер во своите заедници.

Македонија се приклучува кон глобалната заедница во одбележувањето на Денот на слободниот софтвер. По тој повод Фондацијата „Метаморфозис“ подготви ЦД со слободен софтвер под наслов „Заврши си работа!“ .

понеделник, септември 11, 2006

еРајдерот им помага на ромските организации во користење на ИКТ

Мирослав Коцевски со членовите на ромската организација „МИР“


еРајдерот на обука со членовите на НВО ЛИЛ.

четврток, септември 07, 2006

eriders.net со ресурси и на македонски јазик

Во моментот од сајтот на глобалната заедница на еРајдери може да се симне прирачникот за еРајдери, кој што е модифициран и прилагоден за потребите на еРајдерите во Македонија и е под криејтив комонс лиценца. [преземи]

понеделник, септември 04, 2006

еРајдерите од Македонија дел од глобалните еРајдери

На сајтот на глобалните еРајдери [www.eriders.net] од Македонија се регистрирани неколку еРајдери. Еден од нив е задолжен за внесување на вести од Македонија, поставување на прирачници, материјали и останати помагала локализирани на македонски јазик.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.