еРајдери - Македонија

петок, септември 15, 2006

ЦД „Заврши си работа!“ за одбележување на Денот на слободниот софтвер

По повод Денот на слободниот софтвер - 16 септември , Фондацијата „Метаморфозис“ подготви ЦД со слободен софтвер под наслов „Заврши си работа!“.

ЦДто содржи слободен софтвер на македонски и англиски јазик наменет за:

* канцелариско работење: обработка на текст, табеларни пресметки, презентации, бази на податоци) – ОпенОфис.орг, со упатство за употреба на македонски јазик
* користење на интернет: сурфање и е-пошта – Фајерфокс, Тандербрд
* обработка на слики, фотографии и документи во разни формати – Гимп, ПДФ креатор...
* како и 11 игри.


Слободниот софтвер е целосно легален, а носителите на авторските права за него дозволуваат негова употреба, развивање, локализирање, копирање и споделување.

Користењето на висококвалитетен слободен софтвер, покрај практичната полза дома или на работното место, придонесува и за намалување на стапката на пиратство во Македонија и изградба на култура на слободно споделување знаење.

Од 16 септември 2006 година, ЦДто ќе биде достапно преку дистрибутивната мрежа на дневниот весник „Време“ по симболична цена од 50 денари.

Изработката на ЦДто е дел од проектот за слободен софтвер на Фондацијата „Метаморфозис“, финансиран од Фондацијата „Институт отворено општество – Македонија“ (ФИООМ) и „Институт отворено општество – Будимпешта“ .

Во подготовката на ЦДто и локализацијата на софтверот, преку превод, лектура и тестирање, учествуваа експерти (информатичари, лектори, преведувачи) и голем број волонтери, преку низа активности организирани во соработка со НВО „Слободен софтвер Македонија“ .

7 Comments:

Објави коментар

<< Home


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.