еРајдери - Македонија

петок, август 25, 2006

НВО „ЛИЛ“ - стратегија

Граѓанската организација „ЛИЛ“ е организација која низ проектите за здравство и едукација работи на подобрување на социјалниот и економскиот статус на жените и децата Роми. Организацијата работи на локално ниво (Општина Ѓорче Петров и Сарај), национално ниво (членка на Ромска лоби група 2005) како и интернационално ниво – НВО ЛИЛ е организација која е членка на Интернационалната женска мрежа при советот на Европа. Цели на организацијата се:
  • Вклучување на повеќе жени и деца во невладиниот сектор
  • Подобрување на социо-економскиот статус на жената и подигање на свеста на жената за нејзината улога во општеството и нејзиното семејство
  • Вклучување на жените и децата во сите нивоа на едукација
  • Регистрација на Ромите (за добивање на легални документи)
  • Посредување при административни потреби
  • Заштита на децата и жените Ромки
  • Човекови права и демократизација на здравствениот систем
  • Домување (реконструкција и градење на домови)
Со оваа организација работеше еРајдерот Мирослав Коцевски кој со помош на членовите на „ЛИЛ“ изготви стратегија за подобро користење на ИКТ во нивната работа.

Од прашалникот за анализа на потреби како и од самата апликација на организацијата и разговорот со членовите беа утврдени следните потреби кои ќе се реализираат во предвидениот период:

  • Канцеларијата во која што дејствува организацијата технички е добро опремена, но сепак се јавува потреба од одржување на компјутерите, правење резервна копија (backup), корисници со различни привилегии. (краткорочна цел)
  • Компјутерите се поврзани во peer-to-peer мрежа и членовите на организацијата знаат како да ја користат, но сепак постои потреба од одржување на мрежата (долгорочна цел)
  • Членовите на организацијата имаат основни компјутерски познавања. Со нив ќе се работи на стекнување знаење за поефикасна работа со програми кои најчесто ги користат при работењето. (краткорочна цел)
  • Организацијата нема веб страница, што претставува недостаток. Таа има потреба од веб страница како и потреба од знаење за администрирање и ажурирање на истата. (краткорочна цел)
  • Софтверот кој се користи во организацијата е лиценциран и ги содржи потребните програми за раководење на организацијата, но за поуспешни цели ќе бидат инсталирани програми од слободен софтвер кои ќе помогнат за поуспешно раководење со организацијата и при тоа членовите на организацијата ќе добијат обука за користење на истите програми. (краткорочна цел)
  • Организацијата има потреба од смислуавње и правење брошура. (краткорочна цел)
  • Членовите на организацијата имаат потреба за правење на презентации (краткорочна цел)


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.