еРајдери - Македонија

понеделник, август 21, 2006

Состанок со претставниците на МОФ

Во рамките на проектот „НВО-и користат информатичка технологија во подобрување на влијанијата на нивните заедници“, е-рајдерот одговорен за Младинскиот Образовен Форум (МОФ) имаше 2 средби со претставниците на организацијата. На првата средба се водеше информативен разговор чија цел беше е-рајдерот да се запознае со работата на организацијата, со начинот на нивното дејствување, како и начинот на кој се применуваат информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во контекст на остварување на мисијата на организацијата, што всушност беше главното тежиште на разговорот. На таа средба беше пополнет и „Прашалник за анализа на потреби“, а е-рајдерот од претставниците на МОФ доби листа на „ИТ потреби, прашања и активности“ која претставува План за развој на организацијата во ИКТ. Откако беше разгледан прашалникот заедно со планот за развој во ИКТ, поради потреба од додатни информации (од технички тип), е-рајдерот реализираше втора средба.
Втората средба беше реализирана во просториите на МОФ со тековниот координатор на ИТ секторот, Андреј Анчевски. Тука беа прибрани сите останати информации кои беа потребни за добивање појасна слика за моменталната ситуација во ИКТ, односно процена на постојното ниво на искористеност на информатичката технологија во работењето на МОФ како и на ИТ потребите.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.