еРајдери - Македонија

четврток, август 24, 2006

Одржан состанок со еРајдерите на ЦИРа

На 23.08.2006 г. се одржа неформален состанок со еРајдерите ангажирани од страна на Центарот за институционален развој (ЦИРа).
На состанокот излагање имаше Јорданка Петрушевска, еРајдер на фондацијата како и ментор на останатите еРајдери. На самиот состанок се разговараше за можноста за продолжување на проектот за потребите на граѓанските органзиации, како и за спроведување на еРајдерството како средство за имплементирање на ИКТ во локалната самоуправа.
Останатите еРајдери поднесоа кратки заклучоци околу досегашната соработка со десетте граѓанските организации со кои работат, дел од проектот „НВОи користат информатичка технологија во подобрување на влијанијата на нивните заедници“ кој ЦИРа го спроведува.
Од нивните извештаи беше заклучено дека кај повеќето организации ефективното користење на интернетот како средство за истражување, мобилизација и комуникација е на повисоко ниво отколку пред интервенцијата на еРајдерите. За поголемиот дел од организациите беше изработен веб сајт, а кај некои и интерактивен портал. Во дел од организациите беше извршено мигрирање на слободен софтвер (Linux оперативен систем), користење на The Gimp, Gaim, OpenOffice.org, Mozilla Thunderbird и познатиот пребарувач Mozilla Firefox.
Исто така се спроведоа обуки за канцелариско работење од пакетот на Microsoft Office, компјутерска обработка на промотивни материјали и билтени и др.

Детални информации за изработените стратегии и имплементираните активности можете да најдете на претходните постови.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.