еРајдери - Македонија

понеделник, август 28, 2006

ХО „МИР“, извадок од нивниот технолошки план

Во однос на стратегијата што беше направена за ХО “МИР” – Скопје, во следниот текст е објаснет планот за работа со членовите во организацијата. Дадени се плановите за реализација на краткорочните цели од стратегијата, односно членовите на организацијата ќе добијат обука за правилно користење и одржување на техничката опрема во организацијата, користење на канцелариски алатки за поуспешно извршување на потребите, изработка на веб страница и информатичка подршка за поуспешно започнување и изработка на проектите. Организацијата има потреба од изработка база на податоци и нивна обработка и за таа цел ќе се обрне внимание на Microsoft Excel. Постои потреба од обработка на брошури и рекламен материјал која ќе биде обработена и досредување на постоечка база на податоци.

Стратегијата и технолошкиот план се креирани според условите кои ги нуди организацијата, односно соодветни простории, предзнаења на членовите на организацијата, како и нивно присуство и активно учество во реализирање на проектот.

Проблем се јавува за обработка на податоци со табеларни пресметки и бази на податоци, односно ефективно користење на програмата Microsoft Excel.

Друга насока за развој на ИКТ стратегијата е активно и успешно користење на интернет, која засега е слаба страна поради скапата и бавна врска. Потребно е членовите да научат како правилно и најлесен начин да пребаруваат на интернет, а исто така како најлесно да комуницираат со други организации или лица.

Креирање на брошури, како и рекламен материјал на организацијата, така и презентации за претставување се дел од обуката.

Планирање, дизајнирање и доколку организацијата има финансиски средства поставување на веб страница на соодветна интернет локација.

Софтверот во организацијата не е лиценциран при што дел од него ќе биде заменет со слободен софтвер. Некои од програмите кои ги нема ќе бидат инсталирани и членовите ќе добијат обука за користење на истите.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.