еРајдери - Македонија

петок, јуни 22, 2007

Официјално отварање на новите дигитални клубови

Конопница се вклучи на интернет

Во кривопаланечкото село Конопница е отворен електронски клуб „Е-точка“, кој е прв проект за развој на информатичката технологија во селска средина во оваа општина. Проектот го реализира Центарот за граѓанска мотивација и културен менаџмент „Актива“, а парично е поддржан од Фондацијата „Метаморфозис“ и од локалната самоуправа.

- Конопница е најмногубројното село во општината со 3.500 жители. За населението ќе биде обезбеден пристап до компјутерската технологија, интернет и едукација. Ќе бидат организирани почетни, напредни и курсеви за вработените во јавната администрација и во бизнис-секторот - вели Далибор Димитровски, претседател на „Актива“.

извор: Дневник

четврток, јуни 21, 2007

Објавени македонските лиценци Криејтив комонс

Г. Џои Ито, претседавач на Криејтив комонс, на 19 јуни 2007 година во Скопје, ја промовираше македонската верзија на светски познатите лиценци кои овозможуваат ширење на слободна култура. Со прилагодувањето на лиценците на нејзиниот правен систем Македонија стана 38 земја-членка на семејството на Криејтив комонс. На презентацијата која се одржа во хотелот Холидеј ин учествуваа над 120 посетители, а воведни излагања имаа и преведувачот на лиценците и координаторот на процесот, г. Николче Мицковски од Фондацијата Метаморфозис, експертката задолжена за нивно прилагодување на македонското законодавство г-а Неда Здравева од Правниот факултет, како и г-а Деси Пефева, претставничка на Интернет општество Бугарија, која ги пренесе искуствата од примената на Криејтив комонс во нејзината земја. [повеќе]

понеделник, јуни 18, 2007

Истражување: Употреба на Интернетот и компјутерите во Македонија

Понеделник, 18 јуни во 11 часот во ресторанот „Ден и ноќ“ во Скопје се одржа презентација/објавување на резулаттите и наоди од истражувањето „Употреба на Интернетот и компјутерите во Македонија“.

Истражувањето го спроведе проектот на УСАИД „Македонија се поврзува“. За дополнителни информации во врска со истражувањето и проектот „Македонија се поврзува“ посетете го нивниот веб сајт.

Употреба на Интернетот и компјутерите во Македонија - англиска верзија
Употреба на Интернетот и компјутерите во Македонија- македонска верзија

петок, јуни 15, 2007

Конкурс за административно-финансиски асистент

Фондацијата Метаморфозис распишува конкурс за отворено работно место административно-финансиски асистент.

Повеќе информации за конкурсот можете на најдете на веб сајтот на фондацијата.

четврток, јуни 14, 2007

Отворени 5 нови дигитални клубови

Како дел од програмата за е-Инклузивност на фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Дигитални клубови“ на постоечките 7 дигитални клубови им се придружија 5 ново отворени дигитални клубови.

Дигиталните клубови се наоѓаат во следните рурални средини:
  • с. Слатина - Тетово
  • с. Пршовце - Тетово
  • с. Саса - Македонска Каменица
  • с. Конопница - Крива Паланка
Овие дигитални клубови се опремени со по шест компјутери поврзани во мрежа, интернет пристап и Убунту оперативен систем. Официјалното отворање на клубовите ќе биде кон крајот на месец јуни.

Повеќе информации околу поимот дигитални клубови и услугите кои тие ги нудат прочитајте во авторскиот текст: „Дигитални клубови: e-точки блиски до сите“.

среда, јуни 13, 2007

Официјално претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс

Македонија ќе се приклучи на светското движење во поддржувањето на слободната култура преку промоција на лиценците Криејтив комонс локализирани на македонски јазик.

На 19 јуни 2007 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи официјалното претставување на македонската верзија на лиценците. Специјален гостин на настанот ќе биде Јоичи Ито, претседавач на управниот одбор на Криејтив комонс и член на управните одбори на ИКАНН, Фондацијата Мозила, Технорати и ајКомонс.

Фондацијата Метаморфозис ве поканува да присуствувате на овој настан кој претставува огромен исчекор во македонската култура и промоција на креативните авторски содржини.

Повеќе информации можете на најдете тука

понеделник, јуни 11, 2007

Одбрани македонските претставници за Наградата на Светскиот самит

Како дел од процесот на избор за Наградата на Светскиот самит, Жирито се состана на 5 јуни во Стопанската комора на РМ, кога беа извршени и презентации на поголем дел од проектите-кандидати. Жирито продолжи со дебата за изборот по електронски пат која заврши со уште еден дополнителен состанок на 8 јуни во просториите на Метаморфозис. По тој состанок беа донесени крајни одлуки за победниците во сите осум категории. [повеќе]


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.