еРајдери - Македонија

четврток, декември 29, 2005

Среќни празници


Фондацијата Метаморфозис Ви посакува среќни празници


среда, декември 28, 2005

е-рајдерите на Метаморфозис поминаа и обука за Линукс

Членовите на Фонадацијата Метаморфозис ја поминаа обуката за Линукс, Убунту дистрибуција која вклучува инсталирање, администрирање и мрежно поврзување на компјутери кои работат со линукс оперативен систем. Обуката ја спроведе Арангел Ангов, член на организацијата Слободен Софтвер Македонија. На обуката добивме и печатени материјали кои можете да ги најдете во библиотеката на фондацијата, како и останата литература за различни видови на линукс дистрибуции.

понеделник, декември 26, 2005

Изготвување на прирачници

За потребите на организацијата СОЖМ, односно успешно спроведување на обуката за Windows, беа изготвени прирачници на македонски јазик. Материјалите кои ги употребивме за изработка на прирачниците ги превземавме од интернет, како и од веќе постоечка литература од библиотеката на Метаморфозис. Беа изготвени три вида на прирачници, за почетен, дополнителен и напреден курс. За оние „најзагреаните“ за учење им посочивме и соодветни линкови каде што може да најдат информации и литература за проблематиката за која беа заинтересирани.

петок, декември 23, 2005

Опенофис 2.0.1 на македонски

Бесплатен и со отворен изворен код, Опенпфис пакетот (канцелариски програми) е веќе достапен и на Македонски јазик. Со организарање и учество на Метаморфозис во „Преведувачкиот маратон“ помогнавме во превод на оваа програма која е широко прифатена во светот па и кај нас. Повеќе информации за опенофис и негово симнување можете да најдете на http://mk.openoffice.org/ како и на официјалниот сајт http://www.openoffice.org/.

четврток, декември 22, 2005

Изработен технолошки план за ЦДРИМ

За „Центарот за демократски развој и иницијатива“ како дел од проектот „е-рајдери Македонија“ беше изработен првичен технолошки план. Овој план ги содржи зацртаните цели како и конкретните активности како би се постигнале овие цели. Овие цели би влегле во стратегијата која ќе се изработи за организацијата. Сите цели сеуште не се дефинирани поради тоа што во неколкуте посети што ги направи е-рајдерот секогаш постоеа дополнителни активности кои требаше да се вклучат во изработка на ИКТ стратегијата. Исто така поради отсуството на некои од членовите неможеше да се дефинираат сите активности кои се планира да се превземат. После новогодишните празници се планира изработка на целосна ИКТ стратегија.

понеделник, декември 19, 2005

Потреба од повеќе е-рајдери

Соочувајќи се со потребата за учество во проектот е-Рајдери Македонија, се повеќе организации сакаат да бидат вклучени во проектот. За таа цел во Фондацијата Метаморфозис постои опција да се ангажираат дополнителни е-рајдери, со чија помош би можеле да им излеземе во пресрет на НВОи кои сакаат и имаат потреба од услугите на е-рајдерот.

петок, декември 16, 2005

Обука со СОЖМ за електронска обработка на податоци - Windows

Започнавме со обука за Windows со членовите од СОЖМ. Најпрво се спроведе прашалник и според резултатите се членовите ги поделивме во три групи. Првата група имаа основен курс за работа со Windows оперативен систем, за втората група се одржа дополнителен додека третата група ќе имаат напpедна обука за Windows.

среда, декември 14, 2005

Глобални е-рајдери

Трендот е-рајдери е широко прифатен во светот. Како поединци или групи кои воедно имаат значително искуство во НВО секторот како и технички способности и вештини, тие се способни да гледаат на технологијата од перспектива на невладиниот сектор. Секаков вид на информации и помош како и контакти со е-рајдери ширум светот можете да најдете на сајтот www.eriders.net

вторник, декември 13, 2005

Заврши НВО Саемот 2005

НВО Саемот 2005 којшто се одржа на Скопски саем, заврши. Секој со различни импресии и впечтатоци, научени нови работи... беа одржани голем број на трибини, едукативни сесии... Фондацијата Метаморфозис одржа едукативна сесија на тема „ ИКТ за поефикасни локални самоуправи„. Повеќе за едукативната сесија на Фонадацијата Метаморфозис можете да најдете тука

петок, декември 09, 2005

Се повеќе НВО заинтересирани за учество во проектот „е-рајдери“

Се поголем е бројот на организациите кои имаат потреба да бидат дел од проектот „е-рајдери“. Ова покажува на тоа дека иако нивото на познавање и искористеност на ИКТ кај НВО секторот е на многу ниско ниво, сепак покрај многубројните пречки со кои се соочуваат секојдневно овие организации потребата за напредок и имплементација на ИКТ претставува важен сегмент во нивната работа. Кон проектот веќе се приклучија две ромски организации, Центар за демократски развој и иницијатива од Скопје како и НВО Романи Асвин од Штип.

понеделник, декември 05, 2005

НВО Саем 2005

Во склоп на НВО Саемот 2005 на Скопски саем на од 9-11 декември Фондацијата Метаморфозис, ќе има свој штанд кадешто ќе презентира дел од проектите на кои работи. Овде ќе можат да се добијат повеќе информации околу проектот „е-рајдери“, како и да се оствари соработка за учество во проектот. Исто така ќе се одржи и едукативна сесија „ИКТ за поефикасни локални самоуправи“.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.