еРајдери - Македонија

вторник, февруари 28, 2006

Извешатај за посетата на две НВО вклучени во проектот од Штип и Радовиш

Заедно со е-Рајдерот на Метаморфозис во посета на овие две организации беа вклучени и два волонтери. Кои организации беа посетени, за што се зборуваше на состаноците и што се заклучи можете да прочитате од следниот извештај. Со помош на е-Рајдерот волонтерите ќе изготват стратегии за потребите на овие организации.

понеделник, февруари 27, 2006

Состанок со волонтерите

На состанокот се определија термини за спроведување на активностите зацртани со стратегијата со граѓанската организација „Центар за демократски развој и иницијатива“ од Скопје. Дел од обуките беа распределени помеѓу волонтерите. Бидејќи само дел од нив поминаа низ циклус за оспособување за одржување на обуки, на почеток тие ќе ги обучуваат членовите на оваа организација, а ќе бидат надгледувани од е-Рајдерот на Метаморфозис.

петок, февруари 24, 2006

Посета на Романи Асвин - Штип и Женска Акција - Радовиш

Во вторник, 28.02.2206 год. е-Рајдерот на Меатморфозис ќе ги посети ромската организација „Романи Асвин“ од Штип и женската организација „Женска Акција“ - Радовиш. На посетата ќе учествуваат и неколку волонтери. Ова е прва посета на овие организации, кои се дел од проектот е-Рајдери.

среда, февруари 22, 2006

Одржана обука во СОЖМ, присуствуваа и двајца волонтери

После запознавањето со мисијата и проектите на фондацијата Метаморфозис, волонтерите беа подлабоко запознаени со проектот е-Рајдери. Двајца од нив следеа одржување на обука за обработка на текст (во СОЖМ) и активно беа вклучени во спроведувањето на обуката. На крај им беше образложена мисијата и целите на организацијата и ги разгледаа стратегијата и технолошкиот план изработени за потребите на оваа организација.

понеделник, февруари 20, 2006

5 волонтери вклучени во активностите на проектот „е-Рајдери“

Во просториите на фондацијата Метаморфозис се одржа состанок со група студенти од Институот за информатика при ПМФ. Беше договорено да бидат влкучени во спроведување на активностите на проектот „е-Рајдери“, односно нивно волонтирање на проектот.

Во рамките на нивното волонтирање тие ќе се здобијат со знаење во врска со работата и функционирањето на НВО секторот, запознавање со работата на фондацијата Метаморфозис, активностите и мисиите на граѓанските организаци кои се дел од проектот „е-Рајдери“.

Под менторство на е-рајдерот на фондацијата Метаморфозис тие ќе бидат вклучени во изработка на стратегии и технолошки планови за организациите, изработка на обуки и нивно спроведување, како и совладување на презентациски вештини.

петок, февруари 17, 2006

Спроведени активности со Извиднички одред „Димитар Влахов“ - Велес

Во овој период исто така се одржаа и обуки со членовите на извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес. Во првиот циклус на активности беа спроведени обуки за интернет пребарување и основни на веб дизајн. Според нивните потреби, во вториот циклус од имплементирање на активностите зацртани со стратегијата, беа одржани обуки за:

  • користење на е-маил клиент (outlook express)
  • табеларни пресметки (microsoft excel - основен модул)
  • обработка на текст (microsoft word - напреден модул)
Исто така во склоп на активностите, се одржа и презентација на слободниот софтвер, а посебно се посвети внимание на програмите кои претставуваат замена за софтверот кој го користи организацијата, односно open office, mozilla firefox i mozzila thunderbird.

четврток, февруари 16, 2006

Обука за креираење на блог со Е.Д Вила Зора - Велес

Како дел од обуката за интернет и интернет пребарување, со членовите од Е.Д Вила Зора од Велес, се одржа и обука за блогови. Обуката опфати информации и термини околу блогирањето, отварање на блог сметка и основни операции, како и подесување, објавување и додавање на теми за дискусија, слики, коментари. Во текот на обуката се обрна внимание и на менување на дизајнот на блогот.

вторник, февруари 14, 2006

Спроведување на обуките зацртани со технолошкиот план со Е.Г Грин Пауер

Со почеток во 16:30 часот во просториите на еколошка групација Green Power од Велес ќе се одржат едукативни часеви за компјутери од страна на проектот e-riders. На обуката ќе учествуваат 6 членови од организацијата, а ќе се предава на следниве теми:

  • Обработка на текст (MS Word напреден)
  • Интернет и интернет пребарување
  • Сетирање на е-маил клиентот Outlook Express

Едукативните блок часови ќе се одржат во деновите Среда, Четврток, Петок т.е. на 15, 16, 17 Февруари.

петок, февруари 10, 2006

Додатни активности со Е.Д Вила Зора

Иако во периодот на изработување на стратегијата на Е.Д Вила Зора, организацијата сеуште немаше свој веб сајт, денес, кога веќе имаат свој веб сајт и самите извршуваат ажурирање, при посета на е-рајдерот се увиде потреба од инсталирање на софтвер, со кој би се конвертирале потребните документи во форма во која може без пречки да се внесуваат на веб сајтот. За таа цел лицето кое ја извршуваа оваа должност помина низ кратка обука за работа со бесплатниот конвертор на логин системи. Конверторот можете да го сименете тука.

среда, февруари 08, 2006

Работење со и сетирање на е-маил клиент

Во областа на интернет комуникацијата со членовите на еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес се одржа обука за работа и сетирање на е-маил клиент. Обуката беше наменета за е-маил клиентот Outlook Express, бидејќи членовите на оваа организација најчесто го користат во својата работа. Освен работење со и сетирање на е-маил клиентот беа објаснети и протоколите за е-маил комуникација POP3, IMAP и SMTP. Како се одвиваше обуката, можете да погледнете од приложената агенда на обуката.

Обука - Оутлоок Експрес

вторник, февруари 07, 2006

Интернет и интернет пребарување

Денес членовите на Е.Д „Вила Зора“ успешно ја поминаа обуката за интернет и интернет пребарување. Тие се здобија со знаење за историјата на интернетот, компјутерски мрежи и нивни протоколи, видови на веб прелистувачи, URL адреси, како и пребарувачки машини (yahoo, google, najdi.org). Основно како и напредно пребарување, пребарување на македонски јазик и сл.

Состанок со еколошка групација „Грин Пауер“

На денешниот состанок со „Грин Пауер“ се дефинираа групите на членови кои ќе учествуваат во обуките, вкупно 6. Од обуките кои беа зацртани со изработка на стратегијата, ќе се одржат:

- Обработка на текст (Ms Word)
- Интернет и интернет пребарување
- Работа и подесување на е-маил клиент (Outlook Express)

петок, февруари 03, 2006

Завршена обука за „Електронска обработка на податоци“, Windows XP

Третата група на членови на СОЖМ успешно ја поминаа обуката за Windows XP и се здобија со напредно познавање на можностите на оперативниот систем Win XP. Обуката опфати предавања за користење на контролниот панел, одржување на системот и негово администрирање.

среда, февруари 01, 2006

Македонија: 32% од граѓаните користат интернет

Центарот за развој на медиуми стави на располагање на јавноста дел од резултатите од истражувањето „Технички услови и потенцијал во радиодифузната дејност во Р. Македонија“ (.ppt, 880 KБ). Истражувањето го спроведе СММРИ (Strategic Marketing and Media Research Institute), беше финансирано од ФИООМ заедно со ОБСЕ. [повеќе]

Еколошко Друштво „Вила Зора“ - Велес

Стратегијата и Технолошкиот план беа подготвени со помош на е-рајдерот од проектот Е-рајдери Македонија откако беше увидена ситуацијата во која се наоѓаше организацијата на технолошки план и откако беа анализирани специфичните потреби на организацијата.

Можете да ја посетите нивната веб страна www.vilazora.org.mk и да дознаете или да се вклучите во активностите на организацијата.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.