еРајдери - Македонија

понеделник, јуни 20, 2005

е-рајдери PR

Еве како изгледа PR на проектот е-рајдери.


Проект е-Рајдери

Е-Рајдери (од анг. е-Јавачи) се мобилни консултанти што обезбедуваат поддршка за граѓанските организации за оптимално искористување на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) како средство за поефикасно извршување на активностите и остварување на нивната мисија и цели.

Проектот е-Рајдери го јакне капацитетот на граѓанските организации (НВО) во Македонија за да ги пренесат своите пораки, да поттикнат граѓанско учество во општествениот живот, да коалицираат и подобро да им служат на своите заедници.

Граѓанските организации вклучени во проектот, ги добиваат услугите на е-Рајдерите без надомест, благодарение на поддршката од Фондацијата Метаморфозис, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Институтот отворено општество - Будимпешта.


Активности на е-Рајдерите

• Континуирана соработка со граѓанските организации вклучени во проектот, преку посети и вршење стручни анализи во врска со нивните информатички ресурси и организациски потреби.
• Помош во изготвувањето одржлива информатичка стратегија скроена според нивните активности, цели и мисија.
• Непосредни интервенции за примена на техничка експертиза и пренесување знаења и вештини.
• Промоција на користењето легален софтвер, преку споделување информа-ции за разните форми на противставување на пиратството, меѓу кои се и ло-кализацијата и употребата на бесплатен слободен софтвер соодветен за те-ковните потреби.
• Подигнување и подобрување на квалитетот на известувањето и промовира-њето на придобивките од информатичкото општество.



Мали грантови

За поддршка на ИКТ-проектите што невладините организации ќе ги развијат во соработка со е-Рајдерите е достапен и фонд за мали грантови од вкупно 10.000 долари (до 1.000 долари по организација). Грантовите ќе бидат доделувани за задоволување на конкретни потреби на НВО идентификувани од е-рајдерите, на пример: изготвување веб-сајтови, канцелариско вмрежување, конфигурирање сервери, креирање бази на податоци и сл.


За Метаморфозис

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Македонија. Нејзини цели се развој на демократија и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.

петок, јуни 17, 2005

Планирани активности

Имајќи ја во предвид застапеноста и раширеноста на компјутерите и компјутерската технологија во денешно време се поголема е потребата од нивната употреба во секојдневната работа. Во рамките на проектот, ќе се работи на развивање на ИКТ стратегија наменета за граѓанските организации вклучени во проектот.
Стратегијата ќе биде подготвена со помош на е-рајдерот од проектот Е-рајдери Македонија откако ќе биде увидена ситуацијата во која се наоѓа организацијата на технолошки план и откако ќе се анализираат специфичните потреби на организацијата.
Метод за собирање на податоци за оваа анализа е анкетата, која ќе биде спроведена на членови од организацијата. Резултатите од прашалникот ќе се имплементираат во стратегијата.
Изработката на technology plan во кој се дадени конкретните активности со кои ќе се настојува да постигнат целите зацртани со изработената стратегија за одредена НВО ќе следува после изработувањето на стратегијата. Планот за реализација ќе биде креиран според условите со кои располага организацијата (просторија и компјутери ) и човечките ресурси со кои располага како и нивното присуство и активно учество во реализацијата на овој план. Концептот на реализацијата ќе биде даден хронолошки и во него ќе е вклучена и фазата на анализа на потребите.

понеделник, јуни 13, 2005

Како стартуваше проектот

Започнавме со 5 граѓански организации од Скопје и 4 од Велес. Беше спроведен прашалник, како основно средство за прибирање на релевантните податоци. Прашалникот опфати податоци за полето на активноста на организацијата, бројот на вработени лица, нивното познавање и користење на ИКТ како и видот на софтверот кој го користат. Одговорите на 5 прашалници беа добиени за време на презентацијата на проектот во просториите на самите организации, 3 прашалници беа добиени по електронска пошта додека еден прашалник беше доставен по факс. (што истовремено е показател за недоволна употреба на ИКТ).
Во врска со прашањата за тоа: колку компјутери имаат во нивната НВО, кои компјутерски програми ги користат, каков тип на интернет конекција користат, за што најчесто ги користат компјутерите, дали имаат сопствен веб сајт и др, ги добивме следните податоци:
Што се однесува до располагањето на НВО со компјутери, 55,6% од испитаниците имаат по 2-3 компјутери во нивната организација, 22,2% имаат 4-5 компјутери и исто толку 22,2% имаат над 5 компјутери во нивната организација.
Во 55,5% од организациите иако постои инфраструктура, компјутерите не се мрежно поврзани, додека кај 45,5% постои локална мрежа, но не се користи.
На прашањето кој тип на интернет користите за конекција, 55,5% одговориле дека користат dial-up, 33,3% користат adsl конекција и само една организација (11,1%) користи isdn. Со ова се потврдува високата цена на интернет услугите кај нас.
Сите НВО користат Windоws оперативен систем, кај 55,5% од организациите делумно е легализиран софтверот кој го користат, а дури 45,5% целосно користат нелегален софтвер. (не вклучувајќи го бројот на организациите кои имаат делумно легализиран софтвер).
Сите организации кои се вклучија во проектот е-рајдери покажуваат интерес за употреба на слободниот софтвер како замена за пиратскиот. Најголемиот дел од анкетираните изразија желба за едукација од областа на веб дизајнот. 22,3% се заинтересирани за едукација на MS Office пакетот, како и обуки од областа на слободниот софтвер и изучување на специфични програми за ажурирање на податоците на веб страната, бази на податоци и др.

Погледнете ги прашалникот и презентацијата кои беа користени при селектирањето на организациите.

петок, јуни 10, 2005

НВО вклучени во проектот е-рајдери

Следните граѓански организации ги ползуваат услугите од е-рајдерите на Метаморфозис:

Од Скопје
  • СОЖМ
  • Заеднички вредности
  • Акција ЗдруЖенска
  • МОФ
  • АЕЖЕЕ (AEGEE)
Од Велес
  • Којнички средби
  • Грин пауер
  • Галеби - Чашка
  • Извиднички одред „Димитар Влахов“

понеделник, јуни 06, 2005

Што се е-рајдери?

Електронските јавачи се индивидуалци или мали групи кои волонтираат или работат во одредена област и имаат посебни практични способности и вештини, вклучувајќи ги тука информатичката технологија и способностите за советување и планирање

Е-рајдерите патуваат и ги посетуваат граѓанските организации помагајќи им при креирање на веб-сајтови, користење на интернет, креирање на е-мрежи и решавање на тековните проблеми од областа на ИКТ. Тоа им помага на оганизациите да ја пренесат својата порака, да ги анимираат граѓаните за учество во јавни дебати на релевантни теми, коалицирање и подобра помош за заедницата


Кој се може да учествува?

НВО кои ќе бидат вклучени во проектот е-рајдери се од следните градови на Р. Македонија: Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес, Штип, Прилеп.
За учество во проектот е-рајдери, граѓанските организации треба да поседуваат основни ресурси за успешно имплементирање во проектот. Сопствена канцеларија, два компјутери и секако желба за оваков вид на активности.

среда, јуни 01, 2005

Проект е-рајдери Македонија

Цели на проектот се да им се помогне на невладините организации во изготвувањето на издржлива ИКТ стратегија скроена според нивните активности, цели и мисија, да се подобрат ИКТ капацитетите на невладините организации, да се подигне и подобри квалитетот на известувањето и промовирањето на придобивките од информатичкото општество и да се изготват ефективни ИКТ стратегии кои ќе им овозможат на невладините организации да ја користат технологијата за унапредување на нивните активности и мисија.

Граѓански здруженија ќе добијат стручна помош од електронските јавачи за изработка сопствена стратегија за користење на информативните алатки. Електронските јавачи од Метаморфозис ќе ги посетуваат невладините организации во нивните простории и заедно со нив ќе работат на изработување на веб-сајтови, користење на интернет, воспоставување на електронски мрежи и други секојдневни проблеми поврзани со информатичката и комуникациската технологија.

За поддршка на ИКТ-проектите што невладините организации ќе ги развијат во соработка со е-Рајдерите е достапен и фонд за мали грантови од вкупно 10.000 долари (до 1.000 долари по организација). Грантовите ќе бидат доделувани за задоволување на конкретни потреби на НВО идентификувани од е-рајдерите, на пример: изготвување веб-сајтови, канцелариско вмрежување, конфигурирање сервери, креирање бази на податоци и сл.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.