еРајдери - Македонија

четврток, октомври 27, 2005

Солиден одзив од Гевгелија и Струмица

После одржаните презентации во Струмица и Гевгелија, многу невладини организации се заинтересираа за проектот Е-рајдери Македонија. Досега се пријавија околу десетина организации од овие градови кои сакаат да бидат вклучени во проектот.

Во Велес уште една организација се приклучи на проектот

Во Велес и официјално на проектот Е-рајдери се приклучи и здружението на слепите лица на општина Велес. Сега во Велес 4 невладини организации (покрај постоечките три) се приклучени во проектот Е-рајдери Македонија.

петок, октомври 14, 2005

Најди! го индексира е-рајдери

Македонскиот пребарувач Најди! го индексира и блогот Е-рајдери Македонија. Сите македонски блогови тука!


четврток, октомври 13, 2005

а еве и фотографии од презентацијата одржана во Гевгелија
























Фотографии од презентацијата во Струмица
























Претплатете се на блогот Е-рајдери Македонија

Имате електронска пошта на Google? Тогаш можете да се претплатите на нашиот блог, преку новиот сервис на Google: Google Reader. Значи отидете на овој линк, логирајте се со вашите информации за е-поштата на google, и во полето за пребарување запишете ја адресата на овој блог и потоа претплатете се. Да не објаснувам многу, you know the drill. А сега трк на google.

среда, октомври 12, 2005

Извидниците го поминаа првиот курс

Водачите на патроли од ИО „Димитар Влахов“ завршија со курсот Пребарување на интернет. Се стекнаа со знаење како да пребаруваат со Google и Yahoo, како да ги користат нивните сервиси за наоѓање на веб страници, слики и вести. Знаат како да ги користат директориумите на овие пребарувачи. Исто така се запознаа и со македонскиот пребарувач Најди. Како понапредни знаења се и запознавањето со поновите сервиси на Google како што се Google Scholar-от и Google Reader-от.

понеделник, октомври 10, 2005

Стратегиите и плановите во .pdf format

Еве ги ИКТ стратегиите и технолошките планови на организациите од Велес и во .pdf формат. За конверзија е искористена слободната алатка PDFCreator која подлежи на GNU GPL лиценца. Документите се во следнава табела:

























ИКТ стратегијаТехнолошки план
ИО „Димитар Влахов“pdf формат на ИКТ стратегија

pdf формат на ИКТ стратегија

ЕГ „Green Power“pdf формат на ИКТ стратегија

pdf формат на ИКТ стратегија

Здружение на граѓани „Галеби“ - Чашкаpdf формат на ИКТ стратегија

pdf формат на ИКТ стратегија

петок, октомври 07, 2005

Пребарување на интернет, и тоа од Чашка

Во Чашка, галебитe почнаа со првата обука: Пребарување на интернет. Четворица активни волонтери посетуваат курс како поефикасно да ги користат пребарувачите на интернет.

Присутни организации на презентациите во Струмица и Гевгелија

Струмица:
  1. Здружение на граѓани „Стилијан 2002“
  2. Еколошко друштво „Планетум“
  3. Здружение на граѓани „Утро“ - Ново Село
  4. Организација на жени Струмица
  5. АУСЖМ „Женска Акција„ - Радовиш
Гевгелија:
  1. ЕКО - Храна
  2. „Јавор“
  3. „Гординија“
  4. „Агора“
  5. „СЕЖАМ“
  6. ОЖОВ и ИО „Младост“ - Валандово

четврток, октомври 06, 2005

Се појавија и првите коментари

Во коментарите на еден од претходните постови, се појави одличен предлог: да ги ставиме на блогов и PDF верзиите од стратегиите и технолошките планови на невладините организации. Речено-сторено. Ќе биде и тоа за брзо време.

Стартуваат и „Галеби“

Утре почнуваме со обуки и со „Галеби“ од Чашка. Засега стартуваме со пребарување на интернет и мejлинг листи. Понатаму ке продолжиме и со други обуки. Очекувајте повеќе информации.

Струмица и Гевгелија

Денес одржавме презентација на проектот во Струмица и Гевгелија. И во двата града имаше присутни претставници на околу седум до десет невладини организации. Настаните се одржаа во центрите за поддршка на НВО од овие градови. Сите изразија заинтересираност за проектот. Засега толку, а подетални информации од утре. А ќе има и фотографии на овој блог и тоа од двата настани.

вторник, октомври 04, 2005

Е-рајдерите во Струмица и Гевгелија

Ова е најава за презентацијата на проектот Е-рајдери Македонија во градовите Струмица и Гевгелија. Презентацијата ќе се одржи во центрите за поддршка на невладини организации во овие градови и тоа во следниве термини:

Струмица - 06.10.2005 во 12 часот (локација)

Гевгелија - 06.10.2005 во 16 часот (локација)

Доколку сте заинтересирани, добредојдени сте да присуствувате на промоцијата.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.