еРајдери - Македонија

вторник, ноември 29, 2005

22 НВО се дел од е-Рајдери!

Моментално дел од проектот е-рајдери Македонија се 22 организации ширум Македонија. Опфатени се НВО од градовите Скопје, Велес, Радовиш, Струмица и Гевгелија:

Од Скопје:
  • АЕГЕЕ
  • Акција Здруженска
  • Заеднички вредности
  • МАССО
  • МОФ
  • СОЖМ
  • ЦДРИМ
Од Велес:
  • Вила Зора
  • Галеби, Чашка
  • Грин Пауер
  • Здружение на слепите лица на општина Велес
  • Извиднички Одред „Димитар Влахов“
Од Радовиш:
  • Женска акција
Од Струмица:
  • Организација на жени
  • Планетум
  • Утро, Ново Село
Од Гевгелија:
  • Гординија
  • Европски форум
  • Еко, Стојаково
  • Еко храна
  • Јужна градина
  • СЕЖАМ

петок, ноември 25, 2005

E-рајдерите се здобија со Xpert компјутерски сертификат



Во изминатите три дена се одржа обука/полагање на опширните знаења и практичните вештини за работа со високо распространетите и користени кориснички модули. Е-рајдерите од Метаморфозис се здобија со овој европски признат сертификат, освојувајќи висок број на бодови со што се стекнаа и со право да држат оваков вид на обука. Повеќе информации околку Xpert Европски Компјутерски Сертификат можете да најдете на следната адреса: www.xpert-online.de

вторник, ноември 22, 2005

Заедничко за сите организации кои учествуваат во проектот....

Интересно е да се напомене дека организациите кои учествуваат во проектот имаат различно поле и цели на активност. Почнувајќи од организации кои работат на полето на заштита на околината, човековите права, здравствената заштита, уметност и култура итн; организации кои нудат едукација и советување, економски развој... сите тие имаат една заедничка потреба. Подобро и поефикасно користење на ИКТ технологиите во нивната работа. Кај сите нив наидовме на потреба за подобра имплементација и трансформација на овие технологии во нивната работа.

понеделник, ноември 21, 2005

Успешно завршени обуки со членовите на НВО Акција Здруженска

Изминатата недела беа завршени неколку вида на обуки со членовите на Акција Здруженска. Овие обуки се однесуваа на нивната потреба за непречено ажурирање на веб сајтот. Од претходно наведени и инсталирани програми обуките се однесуваа на:

1. Microsoft Front Page
  • Увоз и обработка на Word документи наменети да прераснат во написи на сајтот
  • Копирање на обработениот HTML код во сајтот
  • Изработка на написи во Front Page кои подоцна ќе се вметнат во сајтот
2. The Gimp
  • Основна обука за обработка на слики
  • Промена на димензии на сликата
  • Сечење на оделни сегменти од една слика
  • Видови на компресирање и снимање на сликите за на веб
3. Open Office
  • Претставување на програмите од пакетот Open Office
  • Користење на Open Office Writer како алатка за обработка на текст а воедно и произведување на pdf документи.
  • Користење на останатите програми од Open Office пакетот, и нивната сличност и едноставност како и програмите од Microsoft Office.

петок, ноември 18, 2005

Уште една НВО се вклучи во проектот е-рајдери Македонија

CDRIM - Центар за Демократски Развој и Иницијатива, е уште една од организациите кои се приклучија на проектот e-riders Macedonia. CDRIM е граѓанска организација која работи на полето на здравствената заштита, човековите права, законодавството и други активности. CDRIM постои две години, и е една од успешните ромски организации. Просториите се наоѓаат во населбата Шуто Оризари, со што ја прави поблиска до нејзината целна група, Рома популацијата.

Наскоро ќе се изработи стратегија и технолошки план за оваа организација. Документите во pdf формат ќе ги има на блогот и ќе може да ги погледнете во најскоро време.

понеделник, ноември 14, 2005

За сајтот на Акција Здруженска

За ажурирање на сајтот на Акција Здруженска утврдивме неколку потреби кои требаше да се задоволат.

  • инсталирање на Open Office (содржи опција за креирање pdf документи)
  • инсталирање на The Gimp
  • инсталирање на Microsoft Front Page
  • инсталирање на конвертор (за конвертирање во македонска подршка или кириличен фонт)
Горенаведените програми беа успешно инсталирани и во наредните неколку дена ќе следи обука за нивна употреба.

среда, ноември 09, 2005

МАССО ја поминаа првата обука

Неколку членови од МАССО успешно ја поминаа обука за обработка на текст, односно напреден курс за користење на Microsoft Word. Се стекнаа со знаење за употреба на опцијата mail merge, правење на етикети, работа со табели и колони, како и автоматско внесување на содржина, word count и др. Продолжуваме понатаму со курс за обработка на податоци. За потребата на оваа обука беше изработен мал прирачник кој ќе и послужи на организација за обука на нивните волонтери.

среда, ноември 02, 2005

Завршена обука за користење на мрежи со Акција Зруженска

Акција Здруженска ја поминаа обуката за работа со мрежи. Бидејќи имаа добра инфраструктура, веќе поврзани компјутери во мрежа, беа објаснети кои типови на мрежи најчесто се користат, како се поставува мрежа, работа во мрежа, делење на ресусри во мрежа, безбедност и и заштита од упади во мрежата. Со што го скратија времето на пренесување на податоци од еден на друг компјутер, како и поедноставно користење на периферните уреди.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.