еРајдери - Македонија

среда, јуни 01, 2005

Проект е-рајдери Македонија

Цели на проектот се да им се помогне на невладините организации во изготвувањето на издржлива ИКТ стратегија скроена според нивните активности, цели и мисија, да се подобрат ИКТ капацитетите на невладините организации, да се подигне и подобри квалитетот на известувањето и промовирањето на придобивките од информатичкото општество и да се изготват ефективни ИКТ стратегии кои ќе им овозможат на невладините организации да ја користат технологијата за унапредување на нивните активности и мисија.

Граѓански здруженија ќе добијат стручна помош од електронските јавачи за изработка сопствена стратегија за користење на информативните алатки. Електронските јавачи од Метаморфозис ќе ги посетуваат невладините организации во нивните простории и заедно со нив ќе работат на изработување на веб-сајтови, користење на интернет, воспоставување на електронски мрежи и други секојдневни проблеми поврзани со информатичката и комуникациската технологија.

За поддршка на ИКТ-проектите што невладините организации ќе ги развијат во соработка со е-Рајдерите е достапен и фонд за мали грантови од вкупно 10.000 долари (до 1.000 долари по организација). Грантовите ќе бидат доделувани за задоволување на конкретни потреби на НВО идентификувани од е-рајдерите, на пример: изготвување веб-сајтови, канцелариско вмрежување, конфигурирање сервери, креирање бази на податоци и сл.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.