еРајдери - Македонија

среда, август 31, 2005

Извештај за презентацијата на проектот во Велес

30 Август 2005
ЦПНВО Велес

презентери: Петрушевска Јорданка
Михајлов Марјан

Презентацијата се одржа во ЦПНВО во Велес, со почеток во 18.00 часот и траење од 1 час. Во првиот дел од презентацијата, е-рајдерот Марјан Михајлов одржа презентација на проектот Е-рајдери Македонија преку слајдови, а е-рајдерот Петрушевска Јорданка се осврна повеќе околу слободниот софтвер. Во вториот дел од сесијата имаше дискусија со поставување на прашања од присутние. Некои од темите за кои се интересираа присутните беа и дали услугите на е-рајдерот се бесплатни, колку чини легализирањето на софтверот, дали виндоус и офис се една лиценца или две посебни лиценци, дали услугите на е-рајдерот се и во доменот на компјутерските игри и помош при формирање такви екипи и тимови итн.

На крајот присутните беа известени како може да комуницираат со е-рајдерите (меил, телефон, информации во ЦПНВО) за да ги известат дали се заинтересирани за услугите на е-рајдерите, откако прво ке ја дистрибуираат идејата и информациите во своите матични организации.

На презентацијата беа поканети 13 НВО (преку телефонско известување, маил или лично пренесена усмена покана), од кои присутни беа 5 НВО. Писмено известување во ЦПНВО беше истакнато од 26.08.2005 на огласна табла. Листите на поканети и присутни се дадени во додатоци 1 и 2. Настанот беше покриен и со неколку фотографии.

подготвил:
Михајлов Марјан


Додаток 1: Листа на присутни

Име на организација Име и презиме на учесник
ЕД Вила Зора Драган Настовски
ВИА - Велес Никола Ќурчиев
Стрип Центар Ване Трајков
Green Power Горан Андреев
ЗРД ЗЦП Снежана Џуфовска
ЗРД ЗЦП Биљана Маневска
ЗРД ЗЦП Вања Кулумова

Додаток 2: Листа на поканети НВО
ЕД Вила Зора, Црвен Крст, ЗРД ЗЦП, Здружени на слепи, Здружение на финанскиски работници, Вавилон центар Велес, Пчела, Стрип Центар, ВИА Велес, ИО „Димитар Влахов“ Велес, Green Power, Галеби Чашка и ЗГ ДКМ „Којнички Средби“.



 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.