Фотографии од вториот модул од обуките одржани во ЦПНВО Струмица
Еве уште неколку фотографии од обуките одржани во ЦПНВО Струмица. Присутни беа членовите на еколошкото друштво „Планетум“, Организација на жени на Струмица и граѓанската организација „Утро“ од Ново Село.
Е-рајдери се мобилни консултанти за информатички и комуникациски технологии (ИКТ) на фондацијата Метаморфозис кои на граѓанските организации од Македонија им обезбедуваат техничка поддршка и помош при развојот на индивидуални стратегии за употреба на ИКТ.
Услуги кои ги нудиме
Слободен софтвер
Тимот на еРајдери има повеќе од 3 годишно искуство со апликации базирани на слободен софтвер за граѓански организации, специфицирани за персонални компјутери. Тимот се состои од 10 еРајдери вклучувајќи тренери и локализатори. На граѓанските организации тимот им ги нуди следните услуги:
- обука за употреба на слободен софтвер на персонални компјутери
- миграција кон ФОСС на персонални компјутери
- превод и локализација на слободен софтвер
- превод на документација и прирачници за користење на слободен софтвер
- поддршка на реализираните инсталации
Креирање на веб сајтови
еРајдерите нудат изработка на веб решенија во joomla, слободен софтвер под GPL2 лиценца, и тоа:
- дизајн на официјални сајтови и портали
- развој на систем за управување со содржини
- креирање на форуми, блогови, он-лајн радио
Поддршка за групна работа
Тимот на еРајдери работи на креирање на сервер за групна работа, кој ќе понуди неколку сервиси за членовите и вработените во НВОи. Серверот е поставен во канцеларијата на НВО и до него може да се пристапи преку локалната мрежа или преку интернет (зависи од барањето на клиентот). Серверот за групна работа нуди:
- систем за менаџирање на проекти (NetOffice)
- форуми (phpbb/phorum)
- систем за групно креирање на документи (Wiki)
- централизирано менаџирање на ресурси (egroupware)
1 Comments:
cheapjordans
goyard bags
nike air max 97
nike air max 95
yeezy 700
golden goose starter
jordan shoes
polo ralph lauren
fila shoes
kobe shoes
By yanmaneee, at октомври 04, 2019 1:12 попл.
Објави коментар
<< Home