еРајдери - Македонија

вторник, јули 18, 2006

Посета на МОФ

Денес во 12 часот еРајдерите Ана, Милан, Елена и волонерот на фондација Метаморфозис Амит заедно со мене се состанаа со преставници од Младински образовен форум (МОФ). На состанокот преставниците на МОФ ја изложија својата ИТ стратегија, како и стратегија за работа на самата организација за 2005-2008 година.

Како приоритетни потреби на организацијата од полето на информатичката технологија се наведоа:

1. Развој на електронски производи од областа на МОФ програмите (електронски форуми, веб дебати, електронска кампања, електронски публикации)

2. Развој на комуникацијата на електронско ниво

Бидејќи лицето кое било одговорно за ИТ структурата на организацијата е зафатено со проекти од други области, тие се потрудиле да обучат членови кои во иднина ќе ги превземат овие одговорности.
Од самите еРајдери се побара помош околу обучување на нивните членови како и изнаоѓање на подобро решение околу електронскиот форум поставен на нивниот веб сајт, поправање на интерната мрежа, спојување на два веб сајтови во еден, он-лајн конференции, предлог за префрлање на хостингот кај друг провајдер. еРајдерот кој е одговорен за МОФ е Милан, а директна помош ќе добива од Амит како и од другите еРајдери (индиректно).


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.