еРајдери - Македонија

вторник, јануари 17, 2006

Посета на организациите во Велес

е-рајдерот посети 4 организации од Велес, кои се дел од проектот. Состаноците беа одржани во нивните простории. Подолу ќе ги прочитате заклучоците од состаноците.
  1. На состанокот со еколошката групација „Грин Пауер“ беше разговарано обуките да се одржуваат во просториите на „Здружението на слепи лица на општина Велес“, и освен што ќе се користат нивните простории и ресурси, ќе се зголеми и нивото на соработка помеѓу овие организации.„Здружението на слепи лица на општина Велес“ ги отстапува своите ресурси и простории без никаков надомест.
  2. Со извидничкиот одред „Димитар Влахов“ - Велес се работеше на дефинирање на термините кога ќе продолжат да се одржуваат обуките за обработка на текст и податоци, како и обуката за електронска обработка на податоци. Со нив е завршен првиот циклус (обуки за интернет пребарувања и мејлинг листи), а на состанокот се осврнавме и околу подготовката на проект за аплицирање за добивање на мали грантови, како и предлог за изработка и хостирање на веб сајт.
  3. Еколошко друштво „Вила Зора“. Ббидејќи оваа организација подоцна се вклучи во проектните активности, разбирливо е што со нив подоцна се започна со имплементирање на активностите на е-рајдерот. Поседуваат просторија како и три компјутери и може без проблеми да се започне со работа. Имајќи ја во предвид важноста на обуките за нивните членови, волни се што побрзо да се започне со обука.
  4. На состанокот со „Здружението на слепи лица на општина Велес“ стана збор заеднички да се изработи истражување преку кое ќе се утврди колку од македонските веб сајтови (.org.mk и .gov.mk) ги задоволуваат WC3 стандардите и дали со нив може да се служат слепите и слабовидните лица од Р. Македонија. Исто така, членовите на организацијата предлагаат, со наша помош/поддршка да се набави печатач за браево писмо, или да се испечатат кратки прирачници за нивните членови. (Земајќи ги во обзир трошковите за печатење на оваков вид на прирачници). Од нивната организација во обуките ќе учествуваат само лицата со неоштетен вид.

Во просториите на Центарот за поддршка на невладини организации се сместени 3 организации кои се дел од проектот е-рајдери. Тоа се:
  • Еколошка групација „Грин Пауер“
  • Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ - Велес
  • Еколошко друштво „Вила Зора“


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.