еРајдери - Македонија

понеделник, јуни 20, 2005

е-рајдери PR

Еве како изгледа PR на проектот е-рајдери.


Проект е-Рајдери

Е-Рајдери (од анг. е-Јавачи) се мобилни консултанти што обезбедуваат поддршка за граѓанските организации за оптимално искористување на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) како средство за поефикасно извршување на активностите и остварување на нивната мисија и цели.

Проектот е-Рајдери го јакне капацитетот на граѓанските организации (НВО) во Македонија за да ги пренесат своите пораки, да поттикнат граѓанско учество во општествениот живот, да коалицираат и подобро да им служат на своите заедници.

Граѓанските организации вклучени во проектот, ги добиваат услугите на е-Рајдерите без надомест, благодарение на поддршката од Фондацијата Метаморфозис, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Институтот отворено општество - Будимпешта.


Активности на е-Рајдерите

• Континуирана соработка со граѓанските организации вклучени во проектот, преку посети и вршење стручни анализи во врска со нивните информатички ресурси и организациски потреби.
• Помош во изготвувањето одржлива информатичка стратегија скроена според нивните активности, цели и мисија.
• Непосредни интервенции за примена на техничка експертиза и пренесување знаења и вештини.
• Промоција на користењето легален софтвер, преку споделување информа-ции за разните форми на противставување на пиратството, меѓу кои се и ло-кализацијата и употребата на бесплатен слободен софтвер соодветен за те-ковните потреби.
• Подигнување и подобрување на квалитетот на известувањето и промовира-њето на придобивките од информатичкото општество.



Мали грантови

За поддршка на ИКТ-проектите што невладините организации ќе ги развијат во соработка со е-Рајдерите е достапен и фонд за мали грантови од вкупно 10.000 долари (до 1.000 долари по организација). Грантовите ќе бидат доделувани за задоволување на конкретни потреби на НВО идентификувани од е-рајдерите, на пример: изготвување веб-сајтови, канцелариско вмрежување, конфигурирање сервери, креирање бази на податоци и сл.


За Метаморфозис

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Македонија. Нејзини цели се развој на демократија и просперитет преку промоција на економија базирана на знаење и информациско општество.


 
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NoDerivs 2.5 License.